Кинa за една година пошумила колку четвртина од Србија

- Advertisement -


Во Кина во последните 12 месеци пошумени се 2,67 милиони хектари и засадена трева како дел од главната програма за зазеленување, покажаа официјалните податоци.
Националната управа за шумарство и пасишта минатата недела објави дека во рамките на Програмата за заштита на три северни шумски појаси (TSFP), вкупно 56 проекти започнале со изградба од јуни 2023 година, вклучително и проекти во двете песочни области, Хуншандаке и Маовусу.

Кина е меѓу земјите со најголема дезертификација, а нејзините пустини главно се наоѓаат на северозапад, север и североисток на Кина – што се нарекува „три севери“.

- Advertisement -

TSFP, најголемата програма за пошумување во светот, започнала во 1978 година и планирано е да биде завршена до 2050 година. Програмата има за цел да ги рехабилитира и да гии позеленува местата склони кон дезертификација и пустинските терени во областа „три севери“.

Во јуни 2023 година Кина предложи TSFP да се претвори во целосно функционален и непробоен „зелен Кинески ѕид“ и еколошката безбедносна бариера во северна Кина.

- Advertisement -

Администрацијата објави дека ја зајакнала политичката поддршка за програмата во изминатите 12 месеци, со мерки за организирање на издавање посебни државни обврзници, обезбедување посебни субвенции, гаранција за користење на водата и подобрување на финансиските услуги.

Во иднина ќе се направат поцврсти напори за да се обезбеди стабилно снабдување со садници и семиња од трева, да се промовира фотонапонската контрола на песокот и други нови модели и да се зајакнат иновациите во поврзаните технологии, соопшти администрацијата.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -