Oд 1 јули покачување на цената на струјата во три од четири блока

- Advertisement -

Првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, објави и дека од следниот месец за 0,65 проценти ќе се покачи и цената на евтината тарифа

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска на прес-конференција ја објави новата цена на струјата за домаќинствата, која се зголемува од 1 јули годинава.

За домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во првиот блок нема да има промена на цената на струјата од следниот месец. Во вториот блок цената на струјата ќе се зголеми за 0,85 проценти, во третиот блок цената ќе се покачи за 1,92 проценти, а во четвртиот блок за 1,88 проценти.

- Advertisement -

Освен покачување на цената на струјата во високата тарифа, првиот човек на Регулаторната комисија објави дека од следниот месец за 0,65 проценти ќе се покачи и цената на евтината тарифа.

„Со одлуката којашто ја достави ЕВН ‘хоум’, и којашто ја проверивме, за 88 отсто од домаќинствата коишто влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок, нивниот трошок за електрична енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти, осум отсто од домаќинствата коишто имаат потрошувачка во третиот блок нивниот трошок за електрична енергија ќе се зголеми за 0,48 проценти и за четири отсто од домаќинствата кои влегуваат со потрошувачка во четвртиот блок, нивниот трошок за електрична енергија ќе се зголеми за 0,57 проценти“,рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, на денешната прес-конференција.

- Advertisement -

Тој оцени дека вака донесената одлука за новата цена на струјата нема никакви реални промени бидејќи, како што рече, за најголемиот дел од потрошувачите, за домаќинствата, зголемувањето е под 0,5 проценти.

„Ова се овозможи со тоа што на ЕВН ‘хоум’ му дадовме насока 15 проценти од количините кои не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија којашто функционира во Македонија и во периоди кога цената на електричната енергија е блиску до цената којашто ја понуди ЕСМ на тендерот 60 евра за мегават час“,додаде Бислимоски.

- Advertisement -

На формирањето на цената на струјата влијаеле и измените на Законот за енергетика што Собранието ги усвои во вторникот, а според од 11,5 проценти, маржата за електричната енергија се намали на 9,9 проценти.

„Дополнително, овие измени на законот ни овозможија ЕВН ‘хоум’ да продолжи да ја врши дејноста без да има потреба да се формира нова компанија и да настанеше една општа конфузија во јули кога граѓаните ќе добиваа две сметки за електрична енергија. Со ова што го направивме мислам дека не предизвикуваме никакви ценовни шокови и понатаму очекувам дека и ЕВН ‘хоум’ ќе го направи тоа што треба да го направи за да нема зголемување на нивните трошоци за набавка на електрична енергија“,додаде првиот човек на РКЕ.

Сподели!
- Advertisement -