Лего претстави коцка направена од вселенска прашина

- Advertisement -

Во соработка со Европската вселенска агенција компанијата Лего направи коцка од прашина од метеорит и други материјали. Во иднина може да се користи за изградба на инфраструктури на Месечината и пошироко.

Научниците од Европската вселенска агенција (ESA) соработувале со Лего за 3D печатење тули компресирани од вселенска прашина. Овој материјал, како и начинот на кој блоковите на Лего се вклопуваат заедно, еден ден би можеле да помогнат во решавањето на проблемот како да се изградат работи на Месечината – како засолништа за астронаутите.

- Advertisement -

„Никој никогаш не изградил структура на Месечината, па мораме да сфатиме не само како да ги изградиме, туку и од што да ги изградиме“, вели Ејден Каули, научник од ЕСА. Тој додава дека луѓето не можат да носат никаков градежен материјал со себе во вселената.

Единствениот недопрен лунарен материјал што го имаме на Земјата се 382 килограми карпи и реголит собрани од астронаутите на мисијата Apollo и неколку грсти материјали од роботските мисии кои ги вратија примероците.

- Advertisement -

Така, тимовите наместо тоа користелр материјал од метеоритот NWA 869, стар 4,5 милијарди години, кој беше пронајден во северозападна Африка во 2000 година. Содржи метални зрна, хондрили (зрна од карпа) и други елементи. Научниците сомлеле сè во прав и го измешале со симулиран реголит.

Тимот потоа го искористил материјалот за да направат 3Д печатени лего коцки. Притоа, тие дадоа доказ за концептот дека испреплетените коцки може да се направат од лунарен реголит и да се користат за изградба на лунарни бази.

- Advertisement -

Според компанијата Лего, блоковите од метеорит се вклопуваат заедно како класични блокови. Одтсега до септември заинтересираните можат да ги видат изложени во одбрани бренд-продавници ширум светот.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -