Во првите седум месеци од 2024 година, производството на сончева енергија во Австрија, Бугарија, Унгарија, Романија и Полска скокна за 55 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Kaко што пренесува Ал Џезеира производството на електрична енергија од соларните фарми расте побрзо во Централна Источна Европа отколку во другите делови на континентот, далеку над стапките на раст забележани во побогатите и сончевите региони.
Во првите седум месеци од 2024 година, соларното производство на петте најголеми производители на оваа енергија во Централна Источна Европа – Австрија, Бугарија, Унгарија, Романија и Полска скокна за 55 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Ember. Тоа е двојно повеќе од европската стапка на раст во целина и значително го надминува темпото што го постигнаа петте најголеми производители на соларна енергија во Западна, Јужна и Северна Европа во истиот период, пренесува Ројтерс.
Од 2019 година, петте водечки производители на соларна енергија во Централна Источна Европа го проширија својот капацитет за производство на соларна енергија побрзо од оние во другите региони, отворајќи го патот за континуиран раст на производството на соларна енергија во една од најиндустриските области во Европа.
Полска и Унгарија се убедливо најважните двигатели на растот на производството на соларна енергија во Централна и Источна Европа. Во првите седум месеци од годинава производството на соларна електрична енергија во Полска изнесувало 11,3 терават часови (TWh), додека во Унгарија 5,8 TWh. Тоа производство било за 33,3 отсто или за 47,7 отсто поголемо во однос на истиот период лани.
Целата анализа на Ал Џезеира
Фото – Flickr