Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје и Општина Центар повторно одганизираат вело-бус низ Дебар Маало.
Децата, заедно со возрасните, ќе возат низ населбата, ќе се чекаат на 5 вело-бус постојки низ населбата и заедно, безбедно, ќе стигнат до градинката 13 Ноември и основното училиште Коле Неделковски.
По 4те успешни возења на вело-бусот низ Кисела Вода, Гази Баба, Дебар Маало и Аеродром, Гоу Грин повторно соработува со Општина Центар за уште еден круг безбедно возење со деца од нивните домови до нивното училиште или градинка.
За таа цел ги покануваат сите деца и родители овој петок да им се приклучат од 7:30 до 8:00 часот на возењето низ Дебар Маало. Место на чекање е пред бараките на Општина Центар. Времето е 7:30 часот во петок, 27.09.2024.
Рутата по која ќе вози вело-бусот и на која ќе ги собира дечињата од постојките може да се погледне тука –
https://www.google.com/maps/d/u/0/edit?mid=1NNM-6vhp19ScExZSokd_P7TKncW9Is8&ll=41. 99798820246953%2C21.45698030000001&z=13