Шведска е првата земја што дава платено родителско отсуство на бабите и дедовците

- Advertisement -

Родителите во Шведска сега можат да ги префрлат деновите за платено родителско отсуство на луѓе кои не се законски старатели, вклучувајќи ги бабите и дедовците и пријателите. Шведска беше првата земја што воведе платено родителско отсуство и за татковците во 1974 година. Денес татковците земаат околу 30% од платеното родителско отсуство, според Шведската агенција за социјално осигурување. Сега, 50 години подоцна, на бабите и на дедовците во Шведска може да им се плати да се грижат за нивните внуци.

Реформата на шведската влада за родителско отсуство, спроведена на 1 јули годинава, овозможува пренос на деновите за платено родителско отсуство на роднини или пријатели. Шведската агенција за социјално осигурување, Försäkringskassan, вели дека новата шема треба да им обезбеди на семејствата поголема флексибилност.

- Advertisement -

Новите правила за родителско отсуство им дозволуваат на родителите да префрлат до 45 дена од платеното отсуство на некој што не е законски старател на детето се додека лицето е осигурено за родителски додаток, како што се повеќето луѓе во Шведска. За самохрани родители може да се префрлат до 90 дена по дете од вкупно 480 дена платено отсуство.

„Целта на новиот закон е да им даде поголема флексибилност и поголеми можности на родителите и да го олесни комбинирањето на семејството со работниот живот. Понатаму, новата реформа им дава поголеми можности, на пример, на самохраните старатели и исто така, го прави достапно родителското отсуство за разновидни типови на семејства, што веројатно ќе ја промовира родовата еднаквост“, изјави Стефан Форсберг, директор за операции на родителско осигурување во Försäkringskassan, за Euronews Next.

- Advertisement -

Новото правило дозволува дури и пензионерите да земаат родителско отсуство, на пример. Во тој случај надоместот се заснова на пензијата на лицето. Примателот на родителски додаток не смее да бара работа или студирање додека го добива родителскиот додаток.

(EuroNews)

- Advertisement -

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -