Лица со попреченост дефилираа на модна ревија на брендот адаптирана облека ZEN на Гере Трипков

- Advertisement -

Лица со попреченост вчеравечер во Музејот на современата уметност во Скопје беа модели кои ги носеа креациите на брендот адаптирана облека ZEN. На ZEN Инклузивното Soirée организирано од  здружението „Икуалити“ беа промовирани панталони, кошули, маици, фустани и јакни со модерни дезени и дизајни креирани да придонесат за поголема независност и поквалитетен живот за лицата со попреченост. На модната писта продефилираа 31 лице со различни попречености, а стотината парчиња облека кои ги носеа, по завршувањето на ревијата ги добија како подарок.

„Ревијата е заокружување на првиот дел од овој проект за адаптирана мода кој започна во 2022 година. Визијата е брендот во следните пет години да стане еден од лидерите за иновации во модата воопшто и да создаде трендови кои се безвременски, мода која е ултра модерна, пријатна за носење и безбедна. Следната цел е да се заокружи процесот и да се склучи долгорочно партнерство со инвеститор за отворање на производствен погон и натамошни инвестиции во развој“, рече Гере Трипков, претседател на Икуалити.

- Advertisement -

Адаптираната мода ZEN има цел да одговори на потребита на лицата со попреченост за кои широко достапната мода од тесни панталони или кошули со десетина копчиња не е удобна, пријатна или поволна за нивното здравје. Оваа облека го скратува времето на сите кои имаат било каква физичка пречка да се облекуваат и дотеруваат.

„Функционалната облека ги подобрува квалитетот на животот, гордоста и самодовербата кај лицата со попреченост и има цел да го олесни нивното секојдневно функционирање, да создаде поголема независност и да им помогне на нивните семејства, асистенти или старатели“, рече Трипков.

Сподели!
- Advertisement -