Според последните гласини, Apple планира да ги произведе своите паметни очила Apple Glasses со microLED технологија во 2026 година. За разлика од исто толку долго најавуваниот iPhone Flip, веќе подолго време не слушнавме ништо за верзијата на паметните очила AR на Apple. Сепак, откако Мета ги откри своите очила Project Orion AR минатиот месец, интересот за паметни очила се зголеми. Новите гласини сугерираат дека Apple Glasses би можеле да пристигнат во 2026 година со microLED технологија. Претходните гласини тврдеа дека Apple е најмалку четири години daleku од лансирање на какви било паметни очила.
Оваа информација доаѓа од корисникот Jukanlosreva на X платформата. Тој тврди дека Apple не се откажал од микро LED технологијата и ќе ја вгради во очилата, а масовното производство ќе започне во 2026 година. Сепак, 2026 година е широка vremenska рамка и тоа не значи дека очилата произведени во 2026 година ќе бидат лансирани во таа година; официјалното соопштение може да се одложи до 2027 година или подоцна.
Apple долго време е фокусиран на помали чипови и потенки уреди, па се чини дека е можно компанијата да произведува очила со чипсет што ќе може да работи AR функции, иако би требало да троши значително помалку енергија од моментално достапните чипови. Гласините за microLED технологијата се изненадувачки, бидејќи е скапа за производство и тешко се прави во помали димензии. Би било огромно достигнување доколку Apple навистина го реши тој проблем за потенцијалниот часовник и Apple Glasses.
Кога Apple го објави Vision Pro претходно оваа година, имаше гласини дека прескапите слушалки ги замениле амбициите на Apple за комплет паметни очила. Можеби притисокот на мешаната реалност на Мета со сè уште необјавените очила Orion или нивниот успех со ажурираните паметни очила Ray-Ban Meta промени некои ставови во Купертино.
Претпоставуваме дека Apple со паметни очила би се стремел кон уред кој би се продавал по поприфатлива цена од сегашните 3.500 долари за слушалките Vision Pro. Jukanlosreve исто така изјави дека Apple работи на microLED дисплеј за Apple Watch Ultra, кој исто така треба да биде лансиран во 2026 година, пренесува Tomsguide.
(Tom’s Guide)
(фото: wallpapers.net)