Украинец заразил повеќе од милион компјутери ширум светот

- Advertisement -


Украинскиот државјанин Марк Соколовски (28) во понеделникот пред федералниот суд на САД се изјасни за виновен за ширење на злонамерниот софтвер Raccoon Infosteale. Тој се согласи да плати најмалку 910.844 долари како реституција, според договорот за признавање вина.

Соколовски претходно беше обвинет дека е еден од клучните администратори на лонамерниот софтвер, кој кога ги инфицира компјутерите, ги краде личните податоци на корисниците, вклучувајќи адреси на е-пошта, детали за банкарска сметка и информации за криптовалути.

- Advertisement -

Raccoon Infostealer се продаваше како MaaS (малвер-како услуга) за околу 200 долари месечно, а клиентите плаќаа со криптовалута. Податоците украдени со користење на овој софтвер биле користени за нови кражби и продавани на други на форумите за сајбер криминал.

Во март 2022 година ФБИ, во соработка со надлежните агенции во Италија и Холандија, ја демонтираа дигиталната инфраструктура на злонамерниот софтвер Raccoon Infostealer.

- Advertisement -

Сепак, лани во април сајбер-криминалците најавија враќање на софтверот и нови функции кои ја олеснуваат и ја прават попрактична неговата употреба, а во исто време го отежнуваат откривањето на софтверот на заразените системи.

Соколовски беше уапсен во Холандија и екстрадиран во САД во февруари 2024 година. По неговото апсење, ФБИ дојде до податоци украдени од бројни компјутери кои беа заразени со Raccoon.

- Advertisement -

Полицијата откри повеќе од 50 милиони уникатни лозинки, адреси на е-пошта, банкарски сметки, адреси на паричник за криптовалути и броеви на кредитни картички меѓу податоците кои Raccoon Infostealer ги украл од милиони жртви ширум светот.

(b92)

Сподели!
- Advertisement -