Првиот мозочен чип од графен вграден кај пациент со рак

- Advertisement -

Каталонската компанија Inbrain Neuroelectronics е специјализирана за развој на терапии базирани на интерфејсот мозок-компјутер. Овие пионери на нервните технологии базирани на графен, исто така, ја објавија првата процедура за кортикален интерфејс кај пациенти со тумор на мозокот. Технологијата BCI на Inbrain, велат тие, може да направи разлика меѓу здравото и канцерогеното мозочно ткиво со микрометарска прецизност.

Ова, всушност, значи дека BCI технологиите базирани на графен можат да функционираат надвор од декодирањето и преведувањето на мозочните сигнали и да станат сигурна алатка за употреба во прецизната хирургија и невротехнологијата. Студијата беше поддржана од Универзитетот во Манчестер и проектот на Европската комисија, Graphene Flagship, а беше реализирана болницата Салфорд, во близина на Манчестер.

- Advertisement -

Платформата ги користи исклучителните својства на графенот, материјал кој се состои од еден слој атоми на јаглерод. Овој најтенок материјал познат за човекот е посилен од челикот и има уникатна комбинација на електронски и механички својства, кои го прават идеален за невротехнолошки иновации.

Ја снимаме мозочната активност во областите каде што традиционалните метали и материјали се борат со верноста на сигналот. Ова е клучно за извршување на високо прецизни ресекции, притоа зачувувајќи ги функционалните способности на пациентот како движење, говор или свест“, објаснуваат неврохирурзите кои ја извршија првата процедура.

- Advertisement -

Интеграцијата на графенот и вештачката интелигенција со напредната полупроводничка технологија овозможува нова генерација на минимално инвазивни BCI терапевти, дизајнирани за персонализиран третман на невролошки нарушувања.

Платформата за интелигентно мрежно декодирање и модулација (BCI-Tx) базирана на графен на Inbrain веќе доби признание за револуционерен уред за рехабилитација на Паркинсонова болест, епилепсија и мозочен удар од страна на американската Администрација за храна и лекови. Имено, интеграцијата на BCI декодирањето со високопрецизна невромодулација, наводно, ги враќа изгубените функции и ги ублажува симптомите и овозможува персонализиран третман со подобри резултати и помалку несакани ефекти.

- Advertisement -

(Bug.hr)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -