Шест нови авио-дестинации од Скопје и Охрид

- Advertisement -

Од следната година од земјава ќе се лета на нови линии за Дубаи, Барселона, Лион, Штутгарт, Базел и Истанбул.

Четири нови авионски линии ќе се отворат од скопскиот аеродром, каде два пати неделно ќе се лета на релација Скопје-Дубаи-Скопје (од 30 март), исто како и Скопје-Барселона-Скопје (од 30 јуни), додека, по три пати неделно ќе се лета Скопје-Лион-Скопје (од 30 јуни) и Скопје-Штутгарт-Скопје.

- Advertisement -

Од Охрид нови се линиите кон Базел, која ќе ја има два пати неделно, како и кон Истанбул (од 30 март) која ќе ја има четири пати неделно.

Државата субвенционира 12 евра по патник на доаѓање на охридскиот аеродром и 9 евра по патник на доаѓање на скопски аеродром, а со новите линии, според Министерството за транспорт и врски се очекуваат околу 200 илјади нови патници.

- Advertisement -

Линиите за Штутгарт, Базел, Барселона и Лион ќе бидат од авиокомпанијата Виз-ер, за Истанбул ќе се лета со Туркиш Ерлајнс, додека летот за Дубаи ќе биде со авиони на компанијата Флај Дубаи.

Во моментов, на скопскиот аеродром во лето оперираат 47 дестинации, а на охридскиот осум, додека, во зимскиот период 38 од скопски и четири од охридски аеродром.

Сподели!
- Advertisement -