ВИДЕО: Новиот чип на Google решава за пет минути она што суперкомпјутер би го решил за 10 септилиони години

- Advertisement -

Новиот чип најавен од Google може за пет минути да го реши проблемот што на најбрзите суперкомпјутери во светот моментално ќе им одземе десет септилиони или 10.000.000.000.000.000.000.000.000 години. Чипот претставен од Google е еден од најновите патенти во областа позната како квантно пресметување, кој се обидува да ги искористи принципите на физиката на честички за да создаде нов тип на неверојатно моќен компјутер.

Google наведува дека нивниот нов чип, наречен Willow, вклучува клучни револуционерни елементи и го отвора патот до употреблив квантен компјутер од големи размери. Но, експертите велат дека Willow е, засега, во голема мера експериментален уред, што значи дека сè уште имаме многу години и милијарди долари до употреблив квантен компјутер доволно моќен за да реши широк опсег на проблеми од реалниот свет.

- Advertisement -

Од друга страна, експертите на Google тврдат дека Willow, всушност, квантно ремек-дело.

Квантните компјутери работат на фундаментално поинаков начин од компјутерите на нашите телефони или лаптопи. Тие користат квантна механика, што е опишано како чудно однесување на ултраситни честички кои ги решаваат проблемите многу побрзо од традиционалните компјутери.

- Advertisement -

Многумина се надеваат дека квантните компјутери на крајот би можеле значително да ги забрзаат сложените процеси, како што е создавањето на нови лекови. Исто така, постојат стравувања дека тие би можеле да се користат за лоши работи – на пример, за кршење на некои видови кодови што се користат за заштита на чувствителни податоци.

Научните наоди од развојот на новиот чип на Google се објавени во списанието Nature.

- Advertisement -

(021)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -