ФИДА, иновативен софтвер кој детектира корупција во јавни набавки

- Advertisement -

Најнова социјална иновација од редицата иновации на Центарот за Социјални Иновации Блинк 42-21 е софтверот ФИДА за рана детекција на коруптивни елементи во јавни набавки. ФИДА користи големи бази со податоци, машинско учење и вештачка интелигенција, за да детектира законската неусогласеност на јавните набавки. Софтверот наскоро ќе се тестира во три општини и се очекува да го револуционализира процесот на подготвување на јавните набавки во земјава.

Претходно, креативниот тим на Блинк 42-21 креираше и други апликации од редот на социјални иновации кои на најразличен начин го подобруваат општеството. Една од нив е апликацијата за виртуелна реалност за обука на оператори на столбен кран, алатка која обезбедува безбеден начин на едукација и обука на ученици или возрасни кои сакаат да работат на оваа специфично работно место во градежната индустрија. Овде е и “Гладијаторите се враќаат во Стоби“, апликација со виртуелна реалност која ги оживува гладијаторските битки во археолошкиот локалитет „Стоби“, а во тек е реализација и на голем, меѓународен иновативен проект во областа на културата.

- Advertisement -

Со Зорица Велковска, ко-основач на Блинк 42-21, во интервју за Inovativnost Insights разговараме за важноста на социјалните иновации, како и за улогата на новите технологии во тој процес.

Сподели!
- Advertisement -