- Advertisement -
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 1 денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на бензинот од типот „еуросупер – 95“ ќе изнесува 80 денари за литар, „еуросуперот“ од 98 октани ќе се продава за 82 денари, дизелот за 74, а нафтата за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,802 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 47,209 денари.
- Advertisement -