Кинезите имаат решение за планинарите: Роботски нозе кои помагаат и при најстрмните искачувања

- Advertisement -

За планинарите веројатно нема поголемо задоволство од триумфалното достигнување на врвот на планината по часови напорно и тешко искачување кое барало не само физичка, туку и ментална сила. Но, не секој гледа на таквите активности на ист начин. Наместо да уживаат во искачувањето, дури и да е исклучително тешко и исцрпувачки, и да ја игнорираат поговорката дека патувањето е поважно од дестинацијата, некои луѓе сметаат дека е поважно да стигнат до планински врв или друга дестинација што е можно поедноставно и побезболно, често само за да направат селфи, а потоа да ги бројат лајковите и коментарите.

За оние, пред се туристите, кои сакаат да шетаат во природа или планинарат, но не се во добра форма или не сакаат да се потрудат да стигнат до некоја планинска дестинација, Кинезите пронајдоа решение. Имено, за време на исцрпувачкото искачување на планината Таи во Шандонг тие на туристите им нудат роботски нозе, односно егзоскелет. Ова е роботско помагало кое веќе се користи во некои магацини и им помага на работниците да креваат и носат товари со тоа што, во суштина, преземаат дел од тежината на товарот, што го олеснува носењето.

- Advertisement -

Во случај на роботските нозе што им се нудат на туристите, тие ја преземаат работата на мускулите на нозете, така што нивното оптоварување е многу помало, што го олеснува искачувањето значително.

Има дури 7.000 скалила кои водат до врвот, кој се наоѓа на надморска височина од повеќе од 1.500 метри, а ова искачување стана особено популарно благодарение на TikTok и виралните видеа на луѓе кои на крајот успеале да се искачат до врвот ползејќи на раце и нозе. За оние со послаба форма и за постарите кои ќе се решат да преземат ваков потфат туристичкиот одбор дошол на идеја за роботски нозе, а овој потег се покажа како полн погодок. Само првиот ден повеќе од 200 луѓе изнајмиле роботски нозе, плаќајќи нешто помалку од 10 долари за егзоскелетот.

- Advertisement -

Роботските нозе развиени од компанијата Kenqing Technology тежат помалку од 2 килограми и се поставени околу половината и бутовите. Вградената батерија може да издржи околу 5 часа, што е повеќе од доволно за тоа искачување. Според коментарите на туристите кои го користеле, роботските нозе навистина ја служат својата цел, правејќи да изгледа како некој да ги турка нагоре. Но, додека роботските нозе помагаат при искачувањето, постои период на навикнување на нив по нивното симнување, а одењето потоа се чувствува прилично непријатно.

Покрај тоа што можат да помогнат при понапорни искачувања, ваквите роботски нозе би можеле да бидат корисни за постари луѓе кои имаат проблеми со одењето или за некои работи кои бараат постојани движења на долниот дел од телото. Овој конкретен модел на роботски нозе моментално е во фаза на тестирање и би можел да се појави на пазарот веќе следниот месец.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: Kenqing Technology)

Сподели!
- Advertisement -