Ако ви треба уште една причина да го намалите времето поминато на екранот, оваа научна студија може да ви помогне. Научниците ги прегледаа податоците од 45 студии за поврзаноста меѓу времето поминато пред екран и миопијата, кои беа спроведени на повеќе од 335.000 учесници (од мали деца до возрасни) и ги објавија нивните резултати во JAMA Network Open.
Тие заклучија дека поминувањето само еден час дневно пред екраните е поврзано со значително поголем ризик од развој на миопија (кратковидост). Поточно, ризикот е повеќе од 20%, а се зголемува со зголемувањето на времето на екранот.
Ова откритие може да им понуди насоки на лекарите и истражувачите за тоа како да се третира миопијата. Тие посочуваат дека не е пронајдена поврзаност со изложеноста на екранот помала од еден час, што може да сугерира дека постои безбедносен праг што можеби ќе треба да се воведе, барем кај децата.
Тие, исто така, забележуваат дека при толкувањето на резултатите треба да се земе предвид дека некои студии ја разгледувале само употребата на паметни телефони, додека други ја разгледувале употребата на сите екрани, така што количината на „пријавеното време на екранот“ кај некои може да биде помала од реалноста.
Да потсетиме дека инциденцата на миопија во светот се зголемува од година во година, а некои проценки сугерираат дека до 2050 година половина од светската популација би можела да биде кратковидна.
(Zimo)
(фото: Free Malaysia Today)