Швајцарски Lindt најави двоцифрено поскапување на чоколадите

- Advertisement -

Швајцарската компанија за чоколади и кондиторски производи Lindt и оваа година ќе ги зголеми цените на своите производи, изјави денеска нејзиниот главен финансиски директор, Мартин Хуг. Тој предупреди дека зголемувањето на цените на производите на Lindt, пред се чоколадото, во 2025 година ќе биде двоцифрено бидејќи компанијата треба да компензира за високите цени на какаото на светските пазари, пренесува Reuters.

Lindt минатата година ги зголеми цените за 6,3%, но тоа не беше доволно за да се компензира наглото зголемување на цените на зрната какао, додава Хуг.

- Advertisement -

„Чоколадото во иднина ќе биде поскапо отколку пред две-три години. Не само чоколадото Lindt, туку и чоколадото воопшто“, истакна Мартин Хуг. Компанијата, официјално наречена Lindt & Sprüngli, денеска ги објави резултатите за целата фискална 2024 година и соопшти дека забележала силен раст на органската продажба од 7,8% на 5,47 милијарди швајцарски франци.

Оперативната добивка (EBIT) на Lindt и Springly се зголеми за 8,7% во споредба со истиот период минатата година на 884,2 милиони франци, со маржа EBIT од 16,2%, се додава во извештајот.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Get Archive)

Сподели!
- Advertisement -