Откриено огромно наоѓалиште на литиум во Шпанија

- Advertisement -


Во Шпанија е откриено огромно наоѓалиште на литиум, кое би можело да ги задоволи потребите на земјата за овој метал, а за ова откритие се заинтересирале и кинески компании. Локалитетот се наоѓа во близина на границата со Португалија, во регионот Кастилја и Леон и се простира на 31 квадратен километар, а наоѓалиштето е откриено од Berkeley Energy, како дел од проектот Conchas.

Повеќето шпански производители на литиумски батерии го купуваат металот во Јужна Америка, но новиот депозит, доколку литиумот се ископува ефикасно, може да ја намали зависноста од увозот, пишува Euroweekly News.

- Advertisement -

Проектот, кој се уште е во физибилити студиja, ветува значителен економски раст за регионот, но истовремено се соочува со пречки, па рударството се уште не е започнато. Како што е наведено, еколошките здруженија предупредуваат дека експлоатацијата може да им наштети на водните ресурси и биодиверзитетот и бараат строги регулативи за да се минимизира штетата.

Кина покажа интерес за шпанскиот депозит. Кинеските компании веќе инвестираа во Латинска Америка, купувајќи акции во чилеанската фирма SQM, аргентинската Salat Centenario-Ratones и боливиската фабрика Uyuni.

- Advertisement -

(Euro Weekly News)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -