ОКТАдоделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство

- Advertisement -

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година.

Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата и припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија нуди можност за аплицирање на универзитети во една од следните земји: Грција, Германија, Италија, Белгија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Данска и Англија. Втората стипендија, која се однесува на студии на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, опфаќа повеќе насоки на Градежниот, Машинскиот, Факултетот за електротехника и информатички технологии или на Технолошко-металуршкиот факултет.

- Advertisement -

Право на аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти во последна година на прв циклус студии, на возраст до 30 години (или до 32 со релевантно професионално искуство), со просек 8/10 и со упис или писмо за прифаќање на постдипломска програма од Универзитетите од странство.

„Нашата заложба за поддршка на образованието и поттикнување на следната генерација лидери е суштината на нашите вредности. Со оваа програма за стипендирање, имаме за цел да придонесеме во развојот на талентирани поединци кои можат да поттикнат иновации и извонредност во нивните области. Веруваме дека инвестирањето во образованието е долгорочна инвестиција во иднината на нашата индустрија и општеството во целина“, изјави Димитри Пасхос, Главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.

- Advertisement -

За условите на конкурсот и за начинот на аплицирање заинтересираните можат да добијат повеќе информации на https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm. Крајниот рок за пријавување е 18 мај 2025 година. Стипендиите се доделуваат во рамки на долгорочната заложба на ОКТА за поддршка на образованието, што пак е еден од главните столбови на стратегијата на компанијата за општествена одговорност. Како дел од оваа иницијатива, и во соработка со УКИМ, ОКТА досега има доделено 42 стипендии за втор циклус на студии, а повеќе од 100 студенти имале можност за практична работа во компанијата.

Сподели!
- Advertisement -