Од кујната на Давор: Како да подготвите посен колач со новиот оризов напиток од Виталиа?

- Advertisement -

Во периодот на пости, честопати се соочуваме со прашања и дилеми: Што да јадеме? Дали ова е дозволено? Дали ќе најдеме нешто што е и вкусно и посно? И додека внимателно ги „скенираме“ состојките на производите, во потрага сме по решенија кои се и практични и вкусни.

Одговорот, како и секогаш, се крие во креативноста и вистинските состојки. Токму таков пример ни доаѓа од кујната на Давор од Dave’s Kitchen, кој подготви неодоливо вкусен, здрав и целосно посен колач со џем од слива. Неговиот таен состав?

- Advertisement -

 Новиот оризов напиток RiceVita од Виталиа – природна и лесна алтернатива на млекото, совршено прилагодена за деновите кога го исфрламе млекото и останатите животински производи од исхраната.

Погледнете го рецептот овде: https://www.instagram.com/p/DHsdYN4IsEN/

- Advertisement -

RiceVita не само што не содржи лактоза, туку е и природно сладок, без додаден шеќер, богат со витамини и нутриенти, а неговата неодоливо лесна текстура го прави идеален за подготовка на колачи, смути, појадоци или дури и како напивка сама по себе. Со него, секој десерт добива фина, природна нота која го збогатува вкусот и текстурата.

И ако сте од оние кои преферираат нешто малку поразлично, тука е и OatVita – овесен напиток од истата линија, кој е подеднакво посен, без додаден шеќер и неодоливо вкусен. Совршен избор за мусли, овесни каши или како замена за млеко во утринското кафе.

- Advertisement -

Овој Велигден, уживајте без грижа на совест. Изберете десерт што ќе ве задоволи, но и ќе ве потсети дека грижата за себе започнува од она што го внесуваме во телото.

Виталиа – инспирација за здрави избори, секој ден, во секоја чинија.

Сподели!
- Advertisement -