Академијата за филмски уметности и науки и YouTube потпишаа повеќегодишен договор, што ќе му даде на YouTube ексклузивни глобални права за емитување на наградите на Академијата, почнувајќи од 2029 година и продолжувајќи до 2033 година.
Оскарите, вклучувајќи покривање на црвениот тепих, содржина зад сцената, пристап до Балот на гувернерите и друго, ќе бидат достапни во живо и бесплатно за повеќе од 2 милијарди гледачи ширум светот на YouTube и претплатници на YouTube TV во Соединетите Американски Држави.
YouTube ќе помогне Оскарите да бидат достапни за растечката глобална публика преку функции како што се титлови и аудио достапни на повеќе јазици.
Дополнително, преку ова партнерство Google Arts & Culture ќе помогне да се обезбеди дигитален пристап до избрани изложби и програми во Музејот на Академијата и ќе помогне во дигитализацијата на компонентите од колекцијата на Академијата, најголемата филмска колекција во светот, со повеќе од 52 милиони предмети. Таа ќе биде центар за љубителите на филмот и ќе биде достапна од целиот свет.
„Возбудени сме што влегуваме во повеќестрано глобално партнерство со YouTube за да станеме идниот дом на Оскарите и нашата целогодишна програма на Академијата“, рекоа извршниот директор на Академијата, Бил Крejмер, и претседателката на Академијата, Линет Хауел Тејлор. „Академијата е меѓународна организација и ова партнерство ќе ни овозможи да го прошириме пристапот до работата на Академијата до најшироката можна глобална публика, од која ќе имаат корист членовите на нашата Академија и филмската заедница. Оваа соработка ќе го искористи огромниот дострел на YouTube за да ги збогати Оскарите и другите програми на Академијата со иновативни можности за ангажман, а воедно ќе го почитува нашето наследство. Ќе можеме да го славиме киното, да инспирираме нови генерации филмски творци и да обезбедиме пристап до нашата кинематографски историја на невидено глобално ниво.“
(Vidi.hr)



