Народната банка со нова веб-апликација за споредба на камати на кредити и депозити

- Advertisement -

Граѓаните од денеска можат побрзо и поедноставно да ја споредат понудата на банките и штедилниците преку новата веб-апликација на Народната банка. Оваа дигитална алатка е дизајнирана да овозможи транспарентен и лесно достапен увид во каматните стапки и условите за кредити и депозити за физички лица.

Со неколку клика, корисниците можат да изберат вид на кредит или депозит, да ги споредат каматните стапки и надоместоците, да применуваат различни филтри според износ, рок или тип на финансиски производ, и да добијат клучни информации за секоја понуда на едно место. На овој начин, граѓаните можат да донесуваат финансиски одлуки врз основа на реални и ажурирани податоци, прилагодени на нивните лични потреби.

- Advertisement -

Со оваа апликација, Народната банка внесува нов, модерен и практичен начин за споредување на финансиските понуди, што ја зголемува транспарентноста и ја јакне финансиската писменост кај граѓаните“, велат од Народната банка. Податоците се доставуваат директно од банките и штедилниците, кои се одговорни за нивната точност и редовно ажурирање.

Проектот е поддржан од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ) и реализиран со финансиска помош од Европската Унија, со што дополнително се потврдува значењето на дигиталните алатки за зголемување на довербата во финансискиот систем.

- Advertisement -

Народната банка најавува дека ќе продолжи со инвестиции во дигитални решенија кои ја промовираат заштитата на потрошувачите, финансиската едукација и транспарентноста на пазарот.

Сподели!
- Advertisement -