Сончевиот систем покажува дека е сè уште полн со тајни, а тоа е потврдено со откривањето на голем број нови месечини во тековната година што завршува. Но, ова не е само прашање на едноставно собирање статистика, туку на собирање клучни податоци што придонесуваат за подобро разбирање на еволуцијата на планетите.
Така, во текот на 2025 година астрономите потврдиле повеќе од 100 претходно непознати месечини во Сончевиот систем. Научниците велат дека откривањето на уште многу повеќе е веројатно и дека нивното систематско снимање помага во развојот на модели на формирање на планети.
Во март дополнителни 128 месечини биле идентификувани околу Сатурн, со што вкупниот број достигнал 274, се вели во студија предводена од Едвард Ештон од Академија Синика, врвната државна научна институција во Тајван. Неговиот тим анализирал неколкучасовни набљудувања од телескопот Канада-Франција-Хаваи, комбинирајќи слики за да забележат објекти кои се премногу бледи за да се детектираат поединечно.
Новото откритие следи по потврдата во август за мала месечина што орбитира околу Уран. Објектот, привремено означен како S/2025 U1, беше откриен од Марјаме Ел Мутамид од Југозападниот истражувачки институт во САД користејќи инфрацрвени слики од вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА, со што вкупниот број на месечини на Уран се искачи на 29.
(Zimo/New Scientist)
(фото: Wikimedia)



