Стапи на сила новата, поскапа тарифа за струјата 

- Advertisement -

Граѓаните од денеска ќе плаќаат за 2,28 отсто повисока цена на електричната енергија, а засега и евтината дневна тарифа ќе продолжи во истиот временски тајмниг, односно од 13 до 15 часот. Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.

Ова е овозможено откако Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) изврши корекција на доставената предлог одлука за финалната цена од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

- Advertisement -

Промената на цената доаѓа откако ЕСМ одлучи да му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач по 65 евра за мегават час наместо досегашните 62 евра по мегават час или за околу 5 отсто повеќе. Претходно РКЕ на 5 декември за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година. За истиот период за 2,67 отсто е намален надоместокот за пренос на електрична енергија, односно за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто е намалена цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО.

- Advertisement -

– Со тоа влијанието на крајната цена на електричната енергија што ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар во просек е од 1 до 1,2 проценти. Влијанието, пак, на крајната цена за пренос на електрична енерија е 4 проценти, за дистрибуција на електрична енергија е 33 проценти, а влијанието на операторот за пазар на електрична енергија е 0,19 проценти. Со тоа вкупно во делот каде што има влијание РКЕ на цената на електричната енергија има намалување од 36 проценти врз крајната цена – рече тогаш претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ на 23 декември изврши и корекција на доставената предлог одлука за финалната цена од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, а Бислимоски оцени дека обезбедената цена од ЕСМ од 65 евра за мегават час е два пати пониска од берзанските цени. Тоа, како што нагласи, овозможи и во 2026 година да имаме ценовна политика која обезбедува минимално зголемување на трошоците кај домаќинствата.

- Advertisement -

Со корекцијата што ја направи Регулаторот, од 1 јануари 2026 година наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН Хоум го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 отсто. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто, додека предлог зголемувањето на ЕВН Хоум е 8,54 отсто. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто иако беше предложено да има зголемување од 9,63 отсто и во четврт блок зголемувањето е 3,84 отсто, наместо предложените 11,86 отсто. Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоум предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи истата да се коригира за 2,5 отсто.

Сподели!
- Advertisement -