Дали знаевте дека Јапонија се смета за најснежна земја во светот? Според некои статистики од Accuweather, три јапонски градови со повеќе од 100.000 жители ја водат листата со најснежни места во светот, далеку пред Канада, Русија, Норвешка и други традиционални снежни дестинации.
Аомори во Јапонија се смета за град со најмногу снег во светот – главниот град на префектурата Аомори и на најголемиот остров во Јапонија, просечно паѓаат 7,9 метри снег секоја година.
Дебела покривка од снег ги покрива улиците на градот од ноември до април секоја година, блокирајќи ги тротоарите со високи наноси од снег и мраз, кои се креваат сè повисоко и повисоко додека минуваат снегочистите за да го расчистат патот.
Сапоро, исто така, се бори со обилни снежни врнежи секоја година. Најголемиот град на островот Хокаидо добива просечно 4,85 метри снег, па затоа не е изненадување што е домаќин на познатиот зимски фестивал Јуки Мацури, на кој се претставени монументални снежни и ледени скулптури.
Тојама на брегот на Јапонското Море, исто така, добива многу снег, во просек 3,6 метри годишно.
Метеоролозите велат дека Јапонија добива многу снег поради својата единствена комбинација на клима, море и планини. Студениот воздух од Сибир се движи кон исток во текот на зимата и го преминува Јапонското Море. Бидејќи е потопол од воздухот, се формираат облаци и се „судира“ со планините, ладејќи го воздухот и претворајќи ја влагата во снег. Снегот може да паѓа тука со денови без престан.
Јапонија, исто така, го држи светскиот рекорд за најголеми снежни врнежи. На планината Ибуки паднаа огромни 11,82 метри снег во февруари 1927 година, рекорд кој траеше речиси еден век.
(Bizlife)





























