6.8 C
Skopje
недела, февруари 8, 2026


Мора да излеземе од културата на пасивност и да поттикнуваме претприемачки идеи кои водат кон развој!

- Advertisement -

Интервју со Зорица Поповска за MindsetMaps и развој на автентични претприемачи. Поповска е НЛП Мастер тренер, коуч, говорник и регионален партнер на MindsetMaps International за Македонија и Србија. Основач е на Сенсум Тренинг и Коучинг и НЛП Институт. Таа има долгогодишно искуство во тренинг, консалтинг и развој на претприемачи и лидери, со фокус на лична трансформација и применливи алатки за успех.

Во ова интервју, Зорица зборува за важноста на начин на размислување популарно наречено мајндсет (во понатамошниот текст мајндсет), автентичноста, лидерството и претприемничкиот дух. Воедно, таа се осврнува и на иновативната интернационална програма Mindset Maps и интернационално сертифицирана едукација наменета за развој на коучеви, лидери и автентични претприемачи.

- Advertisement -

Разговараше: Верица Јорданова

Зорица, живееме во време на брзи технолошки промени и речиси секојдневно соочување со вештачката интелигенција која навлегува во се повеќе сфери од животот. Зошто во ваков контекст прашањата поврзани со мајндсетот, лидерството и развојот на луѓето стануваат толку актуелни?

- Advertisement -

Светот околу нас се менува со молскавична брзина. Технологии како вештачката интелигенција, дигитализацијата и глобалните пазари го трансформираат начинот на кој работиме, учиме и водиме. Експертите истакнуваат дека „Човештвото стои на работ на извонредна нова ера во глобалната историја.“  Наведуваат дека светот веќе не се движи линеарно, туку експоненцијално и оние кои остануваат со “фиксен” мајндсет ризикуваат да заостанат.

Да го развиваме својот мајндсет е клучно за прилагодување на неизвесноста и креирање можности. Важно е луѓето, особено лидерите да развиваат адаптивен и генеративен мајндсет за да можат да управуваат со сложените предизвици, тимови и организации.

Секако, технологијата се развива со неверојатна брзина. AI ќе преземе дел од задачите, ќе оптимизира процеси, ќе ни даде информации со брзина и леснотија на достапност како никогаш досега. Но она што технологијата не може да го замени е човечката свесност, креативност, зрелост, одговорност и најважно, човечката конекција. Во време на нестабилен надворешен свет, овој пристап нуди јасност, стабилност и насока.

- Advertisement -

Од друга страна, во нашата култура често постои навика луѓето да остануваат во пасивност, чекајќи некој друг да им каже што да прават или чекаат идеални услови кои никогаш нема да дојдат. Тоа е дел од менталитетот и културниот наратив на жртва, кој го намалува потенцијалот на претприемачите и лидерите. Нашите развојни програми, особено MindsetMaps им помага да излезат од тоа парализирачко чекање, да ја преземат одговорноста и свесно и со намера да дејствуваат.

Во вакви услови постои ли стратегија или пристап за младите луѓе, или за секој што се чувствува збунето и несигурно, како да ја најдат својата смисла, својата вистинска насока и да се ориентираат во животот, особено во време на брзи промени и неизвесност?

Животот не е едноставна, линеарна патека и не постои еден правилен пат до вистината. Пред да бараме надворешни решенија или конкретни чекори кон успехот, првиот и суштински чекор е да работиме со својот мајндсет. Нашите мисли, уверувања и навики всушност ја обликуваат реалноста и одредуваат дали ќе ги забележиме можностите околу нас.

Во време на брзи технолошки, економски и социјални промени, способноста да го адаптираме умот, да учиме, да пробуваме и да се менуваме е поважна од било кој конкретен план. Затоа е нужно да се свртиме навнатре, да се ослободиме од културниот притисок и да ја почувствуваме итноста во себе. Важно е да истражиме околу што сме пасионирани и секако да си дозволиме да учиме преку правење, преку впуштање во акции, наместо бескрајно планирање. Вештините што ги стекнуваме, нашата посветеност и пасија ќе создадат уникатна патека, ќе ни овозможат да развиеме мајсторство и ќе ни помогнат да ја најдеме вистинската насока, дури и во време на неизвесност.

Мајндсетот е нашата внатрешна мапа за животот. Тој одредува како реагираме на предизвици, како учиме од грешки и како ја градиме својата иднина. Дури и кога светот не е во хаос, луѓето често се изгубени, чекајќи идеални услови или инструкции од другите. Токму тука мајндсетот прави разлика: оној кој ја презема одговорноста, кој се соочува со неизвесноста и дејствува свесно, создава можности, возбудливи искуства и вистинска лична моќ.

Што значи автентичен претприемач и како MindsetMaps помага да се развие таков капацитет?

Автентични претприемачи се луѓе кои не градат бизнис само за профит, туку дејствуваат од позиција на внатрешна усогласеност со визијата, вредностите и поголемата смисла и цел. Тие сакаат да го живеат својот сон и да направат вистинска разлика.

Важни се и внатрешните претприемачи, оние кои иницираат проекти и иновации одвнатре во организацијата. Не можете да чекате некој друг да ви даде дозвола да успеете. Автентичноста значи преземање одговорност, иницирање на иницијативи и проекти, реализација на визијата без оправдувања и барање изговори зошто нешто не може да се случи.

MindsetMaps им нуди систематски пристап, практични вештини и јасност да го реализираат својот проект или да започнат и водат бизнис на одржлив начин. Им помага да одредат насока во животот и работата. Не е мотивација туку усогласеност, стратегеии, акција, дневна работа на себе и на тимот.

Вашата компанија минатата година стана партнер за MindsetMaps за Македонија и Србија. Како е создаден Success MindsetMap™ и што го прави уникатен?

 Гледаме дека претприемништвото и лидерството доживуваат трајни промени, а во срцето на оваа глобална трансформација стои MindsetMaps  – уникатен систем кој со научна прецизност може да мапира, мери и профилира мајндсет.

Децении наназад се потпиравме на едноставниот модел на Фиксен и Развоен мајндсет, но иновацијата со MindsetMaps оди многу подалеку. MindsetMaps не е само уште еден коучинг модел или мислење за тоа што лидерите и претприемачите “треба” да прават. Тоа е систем базиран на повеќе од 30 години истражување на светски успешни лидери и претприемачи, кој користи интелигентна алгоритамска психометрија за мапирање, мерење и профилирање на мајндсетот со научна прецизност. Тој ни помага да генерираме визуелни, акциски ориентирани извештаи што не покажуваат само каде сте сега, туку и јасна насока каде точно треба да се движите за да постигнете успех каков што сакате, без разлика дали станува збор за вашиот бизнис, проект, вашата улога или организација.

За оние кои што се веќе коучеви или консултанти, како и за оние кои аспирираат да станат коучеви, ова претставува практичен пристап како и алатка од огромна помош. Наместо генерички скрипти или пак интуитивно избирање на техники, секој коуч добива конкретна, со докази валидирана мапа сочинета од 49 внимателно дизајнирани алатки и со целосна методолошки поткрепена позадина за секоја техника.

„Success MindsetMap™ е резултат на истражувања на светските реномирани консултанти Роберт Дилтс и Мики Фехер, кои проучувале стотици успешни претприемачи од различни индустрии – од технологија и образование до социјално претприемништво. Го разгледале секој аспект на успехот: акции, способности, верувања, визија, амбиција и чувство за идентитет.

Она што е значајно да го знаеме е дека надворешниот успех секогаш има внатрешна основа – јасен сет на размислувања и квалитети кои го поддржуваат. Различните комбинации од овие квалитети водат до различни резултати во бизнисот. MindsetMap™ им овозможува на претприемачите и лидери да го споредат својот мајндсет со најуспешните светски практики и да добијат насоки за развој на сопствениот начин на размислување.

Како MindsetMaps помага да се предвидат и спречат ризици како исцрпеност или неусогласеност помеѓу вредности и активностите во организациите?

Денешниот ‘секогаш вклучен’ свет често го мери успехот преку активност, а не преку смисла. Кога акциите се водени од надворешни награди – пари, статус, очекувања, се појавува исцрпеност и прегорување. MindsetMaps им помага на учесниците да ја откријат вистинската мотивација, да се усогласат со вредностите и визијата и да ја канализираат својата енергија кон проекти кои носат реална разлика и лична исполнетост.

MindsetMaps доаѓа и со дијагностички извештај наречен “Health Scan” кој го мери здравјeто на нашиот мајндсет, ги идентификува алармантните знаци и нерамнотежи кои укажуваат на ризик од исцрпеност или закани за корпоративната благосостојба, пред тие дури и физички да се манифестираат. Тоа овозможува коучевите и организациите да дејствуваат превентивно, да канализираат енергија кон вистинските приоритети и да создадат одржлив развој за поединците и тимовите, давајќи акцент на човечкиот потенцијал, благосостојба и одговорно лидерство.
Самиот извештај кои ги мери различните нивоа на мајндсет, во овој контекст кога зборуваме за превенција од прегорување, на макро-ниво воспоставува дисциплини и практики кои го одржуваат фокусот и енергијата.

Зорица, покрај тоа што MindsetMaps го поддржува развојот на лидерите и претприемачите, кажавте дека е и моќна алатка за коучинг. Како точно ја менува работата на коучевите и го олеснува процесот со клиентите?

На начин што им дава на коучевите јасна, структурирана и ‘data-driven’ рамка за работење. Со само еден прашалник, создава визуелна мапа на мајндсетот на клиентот, го истакнува неговиот потенцијал и областите за развој и автоматски предлага конкретни техники и методи кои одговараат на нивниот профил.

Коучот е секако активно вклучен во процесот и работи на генеративен начин со клиентот, но не мора интуитивно да избира техники, да импровизира или да пробува различни алатки. MindsetMaps го насочува кон точната алатка чекор по чекор, со методолошки поткрепена поддршка и акцент на резултат. Дополнително, сите извештаи се достапни со еден клик, што го прави коучингот ефикасен, фокусиран и вистински трансформативен уште од првата коучинг сесија.

Кажете ни повеќе за самата програма и зошто е толку практична?

Програмата е богата и екстензивна и трае 13 дена, распределени низ неколку месеци. Таа се фокусира на четири области: развој на личната цел, развој на сопствениот проект или бизнис, тимската динамика како и на обезбедување на потребните ресурси и партнерства. Сè започнува со личноста, неговата пасија, визија и посветеност на поголема цел Учесниците практично учат како да ги применат вештините во својот живот и кариера или како коучеви со клиенти.

За коучевите, MindsetMaps обезбедува развој на коучинг вештини, рамка која штеди време, создава јасност и самодоверба, овозможувајќи им да го усогласат развојот на клиентите со вистинските вредности и визија и да го трансформираат увидот во конкретни, практични чекори.

Кој може да има најголем бенефит од програмата?

Програмата е за секој кој сака да живее живот со поголема смисла, да го реализира својот сон, за секој кој има идеја, проект или бизнис кој сака да го развие. Идеална е за претприемачи, внатрешни претприемачи, коучеви, менаџери и лидери кои сакаат да ги поддржат другите во развој. Главниот фокус е практичен – учесниците учат за својот мајндсет и сопствената способност за акција додека работат на својот проект, кариера, бизнис идеја или развој на постоен бизнис

Кои претприемачи и лидери биле модел за програмата?

Стотици успешни луѓе се моделирани, познати но и оние што пошироката јавност помалку ги познава, кои успевале успешно да балансираат помеѓу профит и поголема смисла и придонес. Меѓу познатите модели се Стив Џобс, Џеф Безос, Елон Маск, Ричард Брансон, Мухамед Јунуз, Анита Родик и многу други. Тие покажуваат дека автентичност, успех усогласен со визија и цел, е многу поважна од чист профит. Успехот е резултат на преземање иницијатива, акција и одговорност.

Зошто MindsetMaps е интересен за нашиот регион, кои се пораките за оние кои сакаат да го развијат својот потенцијал?

Лично сум инспирирана што можам да го донесам овој пристап во нашиот регион. MindsetMaps е глобално решение базирано на над 30 години истражување, кое помага да се развијат лидери и автентични претприемачи.

За кај нас, го гледам како можност не само за луѓето што се занимаат со коучинг и консултантство, туку и како поддршка за многу луѓе, да престанат да чекаат дозвола од другите или совршени услови и да дејствуваат свесно. Секој може да го прилагоди својот мајндсет и да го претвори во мотор, а не во сопирачка. Првиот чекор е да се освести што навистина сакаме, кои ограничувања нè држат назад и кои практики можеме да ги воведеме за да се движиме кон целите. Со MindsetMaps™, учесниците добиваат методологија, развој на вештини и алатки за да создадат конкретни, практични чекори кои носат резултати. Успехот започнува од внатре – со свесен, фокусиран и усогласен мајндсет.

Сподели!
- Advertisement -