8.8 C
Skopje
среда, февруари 11, 2026


Green Tech Pelagonia официјално започна: поддршка за зелени стартапи со јасен развоен фокус

- Advertisement -


Со воведна сесија одржана во УКЛО КОЛОРС, Колаборативен простор (CoSpace) во СИЦ при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, официјално започна стартап програмата Green Tech Pelagonia, наменета за поддршка на иновативни и одржливи бизнис идеи од Пелагонискиот регион.

На настанот присуствуваа сите селектирани стартап тимови, како и менторите вклучени во програмата, со што беше означен почетокот на структуриран и практично ориентиран стартап процес.

- Advertisement -

Селектираните стартапи ги поздрави Лидија Ангелкова, проектна менаџерка во ПРЕДА Плус, која истакна дека програмата има јасна цел: да обезбеди реална поддршка за трансформација на идеите во пазарно применливи и одржливи решенија, преку менторство, тестирање и јасна структура на работа.

Во рамки на програмата стартап тимовите ќе работат со четири менторки и ментори со комплементарна експертиза:

- Advertisement -
  • Сања Митровска – експертка за design sprint методологија и бизнис моделирање.
  • Љубица Ангелкова – експертка за комуникации и pitching.
  • Гого Рафајловски – експерт за иновации и go-to-market стратегии.
  • Катерина Лалевска – финансиска експертка и scale-up коуч.

Во рамки на програмата, учесниците ќе имаат можност да стекнат напредни практични знаења преку интензивна експертска работилница, реализирана во соработка со Утопија Академија, фокусирана на:

  • бренд стратегија, PR и дигитален маркетинг
  • финансиско планирање и подготовка за инвеститори
  • бизнис модели и продажни стратегии

Експертските сесии ќе ги водат Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Миниќ и Никола Пејовиќ.

- Advertisement -

ПРЕДА Плус ја истакнува долгогодишната соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и УКЛО КОЛОРС, која овозможува поврзување на академската средина со практична стартап поддршка. Преку УКЛО КОЛОРС се обезбедува логистичка и просторна поддршка за спроведување на програмата.

Програмата Green Tech Pelagonia е дизајнирана како структуриран процес што создава јасен пат од идеја до пазар и придонесува кон развој на одржливи и иновативни решенија со локален и регионален импакт. Програмата се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (EBRD) и CIF.

Сподели!
- Advertisement -