Вештачката интелигенција е една од најактуелните теми во современиот бизнис, но сè поголем број компании се соочуваат со дилема – дали AI е навистина применлива за нивниот бизнис и дали се подготвени за нејзина имплементација?
На оваа тема, на 16 февруари започнува AI Masterclass for Future Business Leadersво организација наAvenga Academyи нивниот AI Learning Lab. Се работи за петдневна практична и консултативна програма наменета за сопственици, директори и менаџерски тимови кои сакаат да донесат информирана одлука поврзана со примената на AI во нивните компании.
„За разлика од класичните едукативни обуки, овој AI Masterclass не се фокусира на трендови, алатки или технички демонстрации. Наместо тоа, програмата нуди структуриран пристап кој им помага на компаниите да ја согледаат својата реална подготвеност за AI и да проценат дали, каде и како оваа технологија може да донесе мерлива бизнис вредност.“, велат од Avenga Academy.

Во текот на петте дена, учесниците работат на анализа на AI readiness на сопствената организација – вклучувајќи луѓе, процеси, податоци и интерна поддршка, како и на мапирање на процеси со потенцијал за автоматизација. Посебен фокус се става и на AI governance, ризиците и етичките аспекти, како и на дефинирање на јасни ROI метрики пред носење инвестициони одлуки.
Според Авенга, оваа програмата треба да ја препознаат сите компании кои сакаат да избегнат импровизации и инвестиции „на слепо“ и наместо тоа да донесат одлука базирана на реални податоци, капацитети и јасна бизнис логика. Крајната цел не е имплементација по секоја цена, туку јасност – дали AI има смисла за конкретниот бизнис контекст.
За компаниите кои сакаат прво да се запознаат со концептот и содржината на овој AI Мастерклас, на 10 февруари ќе се одржи и бесплатна онлајн инфо сесија, на која заинтересираните ќе можат да добијат дополнителни информации и да постават конкретни прашања. Пријавата за оваа инфо сесија е достапна на следниов линк: https://forms.gle/pssB5j2q22dFZoCA9

























