Од 1 јули ЕУ воведува царина од најмалку 3 евра за пратките од Кина

- Advertisement -

Вчера Советот на Европската унија формално даде конечно зелено светло за воведување нови царински давачки за стоки што влегуваат во ЕУ во форма на мали пакети, кои главно потекнуваат од Кина. Овој потег предвидува воведување на такса од најмалку 3 евра по пакет. Целта е да се бори против феноменот на бесцарински увоз на вакви пакети, што создава нелојална конкуренција за продавачите во рамките на Унијата.

Се забележува дека дури 91% од 4,6 милијарди вакви пакети што влегле во ЕУ во текот на 2024 година потекнуваат од Кина. Одлуката го укинува ослободувањето од царински давачки што се однесува на пакети во вредност помала од 150 евра.

- Advertisement -

Поточно, временската рамка предвидува следново:

1 јули 2026 година – 1 јули 2028 година (транзициски период): Ќе се воведе привремена фиксна давачка од 3 евра за стоки во вредност помала од 150 евра.

- Advertisement -

По 2028 година (постојан систем): Привремената давачка ќе биде заменета со редовни давачки штом новиот Центар за царински податоци на ЕУ – паневропска платформа за онлајн царинење што се очекува во 2028 година – ќе стане целосно оперативен.

Како давачката од 3 евра станува 6 или 9 евра? Можеби најважната промена за потрошувачите лежи во “ситните букви на договорот“. Имено, привремената фиксна давачка од 3 евра нема да се наплаќа по пакет како целина, туку за секоја различна категорија стока (врз основа на царинскиот тарифен код) содржана во секој поединечен пакет.

- Advertisement -

Што значи ова во пракса? Ако некој нарача пакет што содржи, на пример, 1 свилена блуза (Категорија 1) и 2 волнени блузи (Категорија 2), иако е само едно мало пакување, содржи два различни видови стока (според царинските кодови).

Соодветно на тоа, ќе треба да се платат следните царински давачки: 3 евра за свилената блуза и 3 евра за волнените блузи. Што значи, вкупно царински давачки од 6 евра. Кога пакетот би содржел три различни категории стоки, царинските давачки би изнесувале 9 евра, итн.

Оваа мерка се однесува на мали пакети испратени директно до потрошувачите во ЕУ и се очекува да има позитивно влијание и врз буџетот на ЕУ и врз националните јавни финансии на земјите-членки.

(Euronews)

- Advertisement -