Кои европски земји се шампиони во договори на определено време?

- Advertisement -

Европската агенција за статистика (Евростат) објави податоци поврзани со бројот на договори на определено време што ги нудат земјите од Европската Унија, како и Европа воопшто. Во оваа анализа беа земени сите граѓани од 20 до 64 години, а вклучени се и сите привремени вработувања на лица кои имаат договори на определено време или други средства со ограничено времетраење на договорот.

Се покажа дека генерално просекот на Европската Унија е 10 проценти од договорите на определено време, а трите земји што се над просекот се Шпанија, Португалија и Холандија. Статистиката покажа дека во 2024 година, 13,3 проценти од договорите на определено време се евидентирани во Шпанија, 13,5 проценти во Португалија, а Холандија го предводеше патот со 18,9 проценти од договорите на определено време.

- Advertisement -

Статистиката ги вклучува и земјите што не се членки на Европската Унија. На Балканот, во контекст на договорите на определено време, Северна Македонија води со 15,6 проценти од ваквите договори. Следува Србија со 15,2 проценти, а во Босна и Херцеговина, според статистичките податоци, регистрирани се 9,6 проценти од ваквите договори. Од друга страна, европските земји со најмал број вакви договори се Латвија со 1,8 проценти, Романија со 1,5 проценти и Литванија на прво место со 1,4 проценти договори на одредено време.

Зборувајќи за вработувањето воопшто, стапката на вработеност во Европската Унија достигна 75,8% во 2024 година, а невработеноста падна на 5,9% – најниско ниво од 2015 година. Просечниот очекуван работен век во ЕУ беше 37,2 години, со просечна работна недела од 36 часа.

- Advertisement -

(Klix.ba)
Фото – Flickr

- Advertisement -