Работна недела од четири дена ја зголеми продуктивноста на работниците во Холандија

- Advertisement -

Додека во други држави сè уште се водат идеолошки расправи, во Холандија скратената работна недела стана вообичаена практика, и тоа не само во мали фирми, туку и во големи компании. Вработените во просек работат 32,1 час неделно – најмалку во Европската унија и значително под европскиот просек од 36 часа.

Истовремено, холандскиот БДП по глава на жител останува меѓу највисоките во Европа и при самиот врв на земјите членки на OECD. Тоа ја доведува во прашање претпоставката дека богатите држави мора да работат подолго за да останат конкурентни.

- Advertisement -

Во амстердамската компанија Positivity Branding, четиридневната работна недела е воведена пред седум години. Основачите Гевин Арм и Берт де Вит одлучиле сите да работат 32 часа неделно без намалување на платата.

„Работиме попаметно, не подолго“, велат тие, нагласувајќи дека клучот е во промена на менталитетот и подобро поставување приоритети.

- Advertisement -

Слично искуство има и софтверската компанија Nmbrs, каде по воведувањето на четиридневна работна недела се намалиле боледувањата, а се зголемила лојалноста. Петок е неработен ден, наменет за одмор и семејство.

Моделот има и институционална поддршка. Најголемиот синдикат лобира четиридневната недела да стане официјална препорака. Вработените веќе имаат законско право да побараат скратено работно време, а речиси половина од работната сила работи со неполно време – највисок удел.

- Advertisement -

Сепак, економистите предупредуваат дека продуктивноста стагнира, а населението старее. За да го задржи квалитетот на живот, земјата ќе мора да ја зголеми продуктивноста или работната сила, можеби и преку поголема имиграција. Потенцијал има во поголемо вклучување на жените со полно работно време, бидејќи повеќе од половина работат скратено. Холандскиот модел денес стои меѓу две толкувања: за едни е доказ дека може да се работи помалку и да се живее подобро; за други – привилегија на богато општество со неизвесна долгорочна одржливост.

Извор: BBC /Radio MOF

Фото: Freepik

- Advertisement -