„БИЛКИЛАЈФ“ организира Саем на домашни и природни производи на 14 март во Јавна соба во Скопје

- Advertisement -

Домашни и природни производи, лековити билки и традиционални вкусови од рурална Македонија пристигнуваат во градот. Билкилајф-Центар за хербализам,туризам и одржлив развој го организира настанот „Од рурално до урбано“ – Саем на домашни и природни производи, кој ќе се одржи на 14 март 2026 година во Јавна соба во Скопје.

Настанот има за цел да ги приближи руралните производители до урбаната публика, создавајќи простор за промоција на локалното производство, традиционалните знаења и одржливите практики поврзани со лековитите билки и земјоделските производи.

- Advertisement -

Посетителите ќе имаат можност да откријат и дегустираат природни производи создадени со грижа и посветеност – лековити и ароматични билки, природна козметика, мед, земјоделски преработки,вино,ракија  и рачно изработени производи инспирирани од природата.

На Саемот ќе учествуваат и пет локални производители кои ги поминаа едукативните обуки во рамките на проектот и стекнаа практични знаења за подобрување на продажбата, пласманот и развојот на своите производи.

- Advertisement -

Покрај Саемот, во рамките на проектот беа реализирани и повеќе едукативни обуки и работилници насочени кон развој на одржливо земјоделство со лековити билки. Преку теоретска и практична настава, учесниците се запознаа со основите на органското билкарство, заштитата на билките и климатски отпорните земјоделски практики.

Со оваа иницијатива, Билкилајф развива модел на одржливо земјоделство базирано на лековити билки и локални ресурси, кој ја поттикнува руралната економија, ја враќа природнат а рамнотежа и ја зајакнува локалната заедница.

- Advertisement -

Саемот се реализира во рамките на проектот „Со лековити билки до одржливо земјоделство и рурален развој“, со цел да се зајакне врската помеѓу руралното производство и урбаните потрошувачи и да се поттикне поголема поддршка за малите локални производители.

Проектот е поддржан од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, во рамките на регионалната иницијатива Farm to Fork Academy – „Академија Од фарма до вилушка за Зелен Западен Балкан – Нашата заедничка европска иднина“, финансирана од Европската Унија.  Регионалниот проект „Академија Од фарма до Вилушка за Зелен Западен Балкан Нашата заедничка европска иднина“се фокусира на имплементација на процесот, приближување и интеграција во ЕУ на земјите од Западен Балкан во секторот за земјоделство и рурален развој преку унапредување на зелената и правична транзиција во регионот преку придонесот на актерите од граѓанското општество.

Со почит,

БИЛКИЛАЈФ Чучер Сандево

078 365 856

                            Проект „Со лековити билки до одржливо земјоделство

              и рурален развој“

- Advertisement -