Енергетската компанија соопшти дека производството е запрено или се прекинува во Катар, Ирак и на морските полиња во Обединетите Арапски Емирати. Француската енергетска компанија „Тотал Енерџис“ денес објави дека го запрела 15 проценти од своето глобално производство на нафта и гас поради војната на Блискиот Исток.
Компанијата соопшти дека производството е запрено или се прекинува во Катар, Ирак и на морските полиња во Обединетите Арапски Емирати, објави порталот „Оилпрајс“. Корпното производство во Обединетите Арапски Емирати, во кое „Тотал Енерџис“ има удел од околу 210.000 барели дневно, не е засегнато од конфликтот, додаде француската компанија.
Работењето на рафинеријата „Саторп“ во индустрискиот град Џубаил засега продолжува без прекин, се наведува во соопштението. Фабриката, во мнозинска сопственост на „Сауди Арамко“, има капацитет од 460.000 барели дневно и го снабдува домашниот пазар на Саудиска Арабија.
„Тотал Енерџис“ додаде дека порастот на цените на нафтата делумно го ублажува финансискиот ефект од губењето на производството. Според проценката на компанијата, зголемувањето на цената на референтната нафта од типот Брент за околу осум долари за барел е доволно за да се компензира падот на производството во Ирак, Катар и ОАЕ, чија пресметка се базираше на цена од 60 долари за барел, пренесува Танјуг.
(Politika.rs)




























