Цените на новите згради во Подгорица скокнаа на 3.000 евра за квадратен метар

- Advertisement -

Пазарот на недвижности во Подгорица доживува силен раст – просечната цена на квадратен метар во новоградбата достигна 3.000 евра во 2026 година, што претставува драматичен скок во споредба со 2014 година.


Просечната цена на квадратен метар во нова зграда во Подгорица достигна околу 3.000 евра за квадратен метар во 2026 година, што претставува зголемување од приближно 178% во споредба со 2014 година, според податоците објавени на социјалните мрежи на агенцијата за недвижности Виолет. Според прикажаната динамика на раст, пазарот на недвижности во главниот град на Црна Гора помина низ неколку фази, но со јасен тренд на континуирано зголемување на цените.

Како се зголемија цените:

- Advertisement -

2014: 1.080 евра/м²
2020: 951 евра/м² (краткорочен пад)
2023: 1.585 евра/м²
2024: 2.500 евра/м²
2026: 3.000 евра/м²

По краткиот пад околу 2020 година, цените нагло се зголемија, особено во последните две години, кога пазарот практично влезе во нова фаза. Иако оваa oбјава не навлегува во деталните причини, трендовите на пазарот укажуваат на неколку клучни фактори, пред сè на растот на побарувачката, особено од странство, ограничената понуда на квалитетна нова градба, растечките цени на градежните материјали и работната сила и инфлаторните притисоци и капиталот кој бара безбедно засолниште.

- Advertisement -

Растот до ниво од 3.000 евра/м² го поставува прашањето за одржливоста – дали Подгорица влегува во зоната на заситеност или цените ќе продолжат да растат? Искуствата од регионот покажуваат дека по толку силни циклуси на раст често има стабилизација, но засега нема јасни сигнали дека трендот одеднаш ќе престане.

Едно е сигурно – недвижностите се уште се меѓу најатрактивните форми на инвестирање во Црна Гора, а Подгорица останува централен пазар.

- Advertisement -

(Investitor.me)

Фото – Wikimedia

- Advertisement -