Технолошките милијардери годинава изгубиле речиси 200 милијарди долари!

- Advertisement -

Пет лидери на големи технолошки компании претрпеа загуба од речиси 200 милијарди долари во нивната вкупна нето вредност оваа година, бидејќи возбудата околу вештачката интелигенција се намалува, додека конфликтот меѓу САД, Израел и Иран дополнително ги вознемирува инвеститорите.

Ова се водечките имиња во индустријата – Лери Елисон, Марк Цукерберг, Џеф Безос, Лери Пејџ, Сергеј Брин – чие богатство е значително намалено поради падот на цените на акциите на нивните компании.

- Advertisement -

Овој пад ја одразува пошироката нервоза на пазарот и растечкиот скептицизам кон огромните инвестиции во технологијата за вештачка интелигенција досега, кои сè уште не ги носат очекуваните профити, пишува Business Insider.

  1. Лери Елисон – најголемиот губитник во оваа група е со-основачот и техничкиот директор на Oracle, чие лично богатство се намали за околу 60 милијарди долари од почетокот на јануари, според индексот на милијардери на Bloomberg. Неговото богатство на крајот од минатата недела изнесуваше 188 милијарди долари, далеку од неговиот врв од речиси 400 милијарди долари во септември минатата година, кога накратко го престигна Илон Маск како најбогат човек во светот. Остриот пад следи по падот од речиси 30 проценти на акциите на Oracle оваа година, бидејќи инвеститорите станаа претпазливи во однос на големите инвестиции на компанијата во изградба на центри за податоци со вештачка интелигенција финансирани со долгови.

Џеф Безос, (основач на Amazon), Лeри Пејџ и Сергеј Брин (соосновачи на Alphabet) – aкциите на гигантот за е-трговија и лидерот во пребарувањето и рекламирањето паднаа за околу 14 проценти и 12 проценти, соодветно, бидејќи инвеститорите ги намалија очекувањата за претходно оптимистичките проекции за раст поттикнати од вештачката интелигенција.

- Advertisement -

Марк Цукерберг, ксоосновач и извршен директор на Meta Platforms исто така претрпе значителен удар, губејќи 46 милијарди долари оваа година, со што неговото богатство достигна 187 милијарди долари. Само во последната недела од март тој изгуби 20 милијарди долари за два дена откако судот во Ново Мексико ѝ наложи на Meta да плати казна од 375 милиони долари за тоа што не ги заштитила децата на своите платформи. Акциите на матичната компанија Facebook, Instagram и Whatsapp паднаа за околу 20 проценти оваа година, бидејќи технолошкиот гигант се соочува со тужби и растечки скептицизам во врска со неговите големи инвестиции во вештачка интелигенција.

Инвеститорите сега ги доведуваат во прашање огромните капитални расходи, како што се планираните 180 милијарди долари што Alphabet Inc. има намера да ги инвестира до 2026 година, без јасни индикатори за брз и висок поврат на софтверот за вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Додека петте споменати изгубија вкупно 198 милијарди долари, други големи имиња исто така бележат значителни загуби. Поранешниот извршен директор на Microsoft, Стив Балмер, изгуби 41 милијарда долари оваа година, а неговото богатство сега е 128 милијарди долари, по падот од 26 проценти на акциите на компанијата.

Надвор од технолошкиот сектор, основачот и извршен директор на LVMH, Бернар Арно, изгуби речиси 58 милијарди долари, бидејќи акциите на компанијата паднаа за 29 проценти.

Сепак, постои еден исклучок – Илон Маск останува цврсто на врвот на листата на најбогати, со богатство кое порасна за 17 милијарди долари оваа година, со што неговиот вкупен износ достигна 637 милијарди долари, според Business Insider. Неговиот успех се темели на растот на проценките на приватните компании како SpaceX и xAI, дури и кога акциите на Tesla паднаа за 20 проценти.

Глобалните берзи се соочуваат со голема распродажба во последните недели, бидејќи конфликтот со Иран ја зголеми нестабилноста. Виртуелното затворање на Ормутскиот теснец, клучен превозен пат за нафта и течен природен гас, ги зголеми цените на суровата нафта. Ова стави дополнителен притисок врз потрошувачите, ги намали прогнозите за економски раст, ги разгоре стравувањата од инфлација и ги уништи надежите за брзо намалување на каматните стапки во многу земји. Инвеститорите во моментов спроведуваат она што е познато како „голема ротација“ – повлекување на капиталот од акциите на големите технолошки компании и негово пренасочување кон компании со средна капитализација и „реалната економија“, како што се индустријата и секторот за суровини.

(Kamatica)

(фото: Public Domain Pictures)

- Advertisement -