Европската апликација за проверка на возраста е готова – клучна алатка за заштита на децата на интернет

- Advertisement -

Европската апликација за проверка на возраста е технички целосно подготвена и би можела да биде воведена до летото, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, презентирајќи го напредокот во развојот на апликацијата.

Таа рече дека тоа е клучна алатка за заштита на децата на интернет од несоодветна и нелегална содржина и онлајн предатори.

- Advertisement -

Апликацијата ќе им овозможи на корисниците да ја докажат својата возраст при пристап до онлајн платформи, исто како што продавниците ја потврдуваат возраста на оние што доаѓаат да купат алкохол“, објави претседателката на Комисијата.

Апликацијата е моделирана според сертификатите воведени за време на пандемијата Ковид и кои ни овозможија да одиме на концерти или патувања, рече Фон дер Лајен, објаснувајќи дека е лесна за користење, сигурна, бесплатна и со отворен код.

- Advertisement -

ЕУ нагласува дека секој корисник ќе докаже дека ги исполнува условите за возраст без да го открие својот идентитет, точен датум на раѓање или да споделува лични документи со платформи. Податоците ќе се чуваат исклучиво во паричникот на уредот на корисникот, а не во базите на податоци на платформата.

Оваа апликација ги почитува највисоките стандарди за приватност во светот. Корисниците ќе ја докажат својата возраст без да откријат никакви лични податоци, таа е целосно анонимна и корисниците не можат да бидат следени“, нагласи фон дер Лајен.

- Advertisement -

Апликацијата веќе се тестира во шест земји-членки: Франција, Италија, Шпанија, Данска, Грција и Кипар, кои, заедно со Ирска, фон дер Лајен ги нарече пионери во оваа област.

Воведувањето на проверка на возраста е директно поврзано со Законот за дигитални услуги (DSA), кој ги обврзува големите интернет платформи да воведат строги и сигурни системи за проверка на возраста.

- Advertisement -