Отворен конкурс на иницијативата DiscoverEU: Бесплатни патни пропусници за над 40.000 млади

- Advertisement -

Европската иницијатива DiscoverEU, дел од програмата Erasmus+, во 2026 година ќе додели повеќе од 40.000 бесплатни патни пропусници за млади од цела Европа, меѓу кои и од Република Северна Македонија. Право на учество имаат млади родени помеѓу 1 јули 2007 и 30 јуни 2008 година. Покрај земјите членки на Европската Унија, право на аплицирање имаат и државјани и жители на земји поврзани со програмата Erasmus+, вклучувајќи ја и нашата држава.

DiscoverEU е иницијатива во рамки на програмата Еразмус+ (2021-2027), а целта на овој конкурс е да им понуди на младите луѓе на 18 годишна возраст, искуство преку патување кое што ќе им овозможи да ја истражат разноликоста на Европа, како и нејзиното културно наследство и историја.

- Advertisement -

Во соопштението на DiscoverEU се наведува дека избраните учесници според правилата ќе добијат патни пропусници за истражување на Европа во периодот од 1 јули 2026 до 30 септември 2027 година, при што ќе можат да патуваат со воз до седум дена во рамки на избран период од најмногу 30 дена. По резервацијата, апликантите официјално стануваат учесници, а патувањето вообичаено се реализира со еколошки најприфатливи видови транспорт. Сепак, за да се овозможи пристапност за сите, предвидени се и алтернативни превозни средства, а во исклучителни случаи е дозволено и патување со авион, особено за млади од оддалечени региони или острови. Покрај патните пропусници, учесниците ќе добијат и картичка за попусти што овозможува пониски цени за сместување, културни активности, образование, спорт, локален превоз и храна.

Иницијативата е поврзана и со 40-годишнината од Шенген зоната, која овозможува слободно движење меѓу 29 европски земји без внатрешни гранични контроли. Апликациите се отворени до 22 април 2026 година.

- Advertisement -

(Radio MOF)

Фото – Pixabay

- Advertisement -