New York Times тврди дека го откриле идентитетот на Сатоши Накамотo, креаторот на биткоин

- Advertisement -

Идентитетот на лицето или групата зад криптовалутата биткоин останува една од најголемите мистерии на модерната технологија. Иако со години се шпекулира за тоа кој е всушност Сатоши Накамото, новата истрага на New York Times можеби даде најконкретна трага досега, но без дефинитивен одговор.

Според ова истражување, најверојатниот кандидат е Адам Бек, британски криптограф и една од клучните фигури од раните денови на развојот на криптовалутите. New York Times наведува дека заклучоците се базираат на анализа на стари имејлови, форуми и стилови на пишување, вклучувајќи го стилот на комуникација и употребата на британскиот англиски јазик.

- Advertisement -

Бек има долга историја во крипто заедницата и е познат како креатор на системот Hashcash, кој служеше како една од темелите за подоцнежниот развој на биткоинот. Токму оваа врска, заедно со други технички и историски траги, го прави еден од најчесто споменуваните кандидати за идентитетот на Сатоши.

Сепак, клучната поента останува иста – нема цврсти докази. Бек постојано негираше дека стои зад псевдонимот Сатоши Накамото, а самата истрага не дава директна потврда што би можела дефинитивно да го затвори ова прашање.

- Advertisement -

Затоа, и покрај новите детали и сериозната анализа, идентитетот на креаторот на биткоин останува непознат. Најновиот обид да се открие носи дополнителен контекст и потенцијално најсилниот кандидат досега, но не и дефинитивен одговор.

(Benchmark.rs)

- Advertisement -