Барел нафта под 90 долари по најавата за отворање на Ормутскиот Теснец

- Advertisement -

Светските енергетски пазари денеска доживеаја вистински потрес откако цената на суровата нафта од типот „Брент“ за само неколку часа се урна под 90 долари, бележејќи остар пад од речиси 12%.

Овој морски коридор е стратешки значаен бидејќи низ него минува околу 20% од светските испораки на нафта и течен природен гас. Секоја нестабилност во регионот директно се одразува врз глобалните цени на енергенсите.

- Advertisement -

По објавата, пазарите реагираа веднаш. Според меѓународните извештаи, американските берзански индекси забележаа раст во раното тргување, додека европските берзи исто така се движеле во позитивна насока.

Главната причина за овој „берзански земјотрес“ е веста од Техеран дека Ормутскиот Теснец е целосно отворен за комерцијален транспорт, како дел од договореното примирје во актуелниот конфликт на Блискиот Исток. Оваа клучна поморска рута, низ која минува една петтина од светската нафта, со денови беше под блокада или закана, што ја држеше цената вештачки висока.

- Advertisement -

Веднаш по објавата на Иран, инвеститорите реагираа со панична продажба на фјучерси, што резултираше со пад на цената од 99,39 на околу 87,47 долари за барел во рок од еден трговски ден. Ова е прв пат од 9-ти април нафтата да биде под 90 долари за барел.

Фото – Flickr

- Advertisement -

- Advertisement -