Владата најавува пад на цената на нафтените деривати

- Advertisement -

Владата очекува и по враќањето на стапката на ДДВ на 18 насто, да се намали цената на дизелот, да поевтинат и бензините со новата одлука на регулаторната комисија . Македонија е меѓу трите европски држави со најобемни мерки против кризата според анализите на ММФ на европско ниво,вели премиерот…

Македонија e трета европска држава која успешно ги амортизира ударите од кризата со нафтата со ефикасни мерки според анализите на ММФ. Има најниска цена на бензините во регионот и засега доволно резерви на нафтените деривати-вели премиерот. И покрај враќањето на ДДВ на 18 проценти очекува намалување на цената.

- Advertisement -

Намалување на акцизите на цените на горивата ќе останат до 4-ти мај. Цената на дизелот ќе се намали за 4 денари по литар, а на бензините по 2 денари по литар. Од Владата очекуваат дополнително намалување на цената на горивата по одлуката на регулаторната комисија и по преговорите со нафтените компании.

Мицкоски ги отфрла обвинувањата на опозицијата за наводно доцнење со мерките и лошо менаџирање со буџетот. Очекува од мај состојбата да се стабилизира и политиките на прилагодување на даноци и акцизи да продолжат да го штитат стандардот од глобалните шокови.

(МТВ)
Фото – Peak-px

- Advertisement -