Детална листа на наградените жени-менаџерки по повод 30 години „Марили“

- Advertisement -

На јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2026“ ќе бидат наградени 30 жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија. Лауреатките се избрани по неколку критериуми, меѓу кои успешно менаџирање најмалку 10 години во приватен сектор, успешна компанија во континуитет од целата држава и од разни дејности и сектори. Сите менаџерки се препорачани од нивните деловни колеги и партнери за нивното извонредно менаџирање и професионалност – информира „Марили“.

Сите лауреатки добија награда – статуетка „Жена водилка“ излеана во бронза, авторско дело на академскиот вајар, проф. д-р Никола Смилков. 

- Advertisement -

– Манифестацијата со години претставува јакнење на женското менаџерство  претприемашво и лидерство и дава општествен придонес во јакнењето на родовата рамноправност и принципот еднакви можности за сите. Освен манифестацијата, 30-годишен јубилеј одбележува и „Бизнис-каталогот на Р. Македонија“, кој веќе е излезен од печат. Воведниот дел годинава е посветен на 35 години независна современа македонска држава, а во внатрешниот дел изобилуваат многубројни интервјуа со жените менаџерки што ќе бидат прогласени, интервјуа со министри, претставници од бизнис-коморите, уметници, глумци, музичари и др. – информира агенцијата „Марили“.

Во продолжение список со годинешните лауреатки:

- Advertisement -

1.      Даниела Адемоска – сопственичка и извршна директорка, DoubleTree by Hilton, Скопје

2.      М-р Јаглика Јорданова-Андријеска  – управувачки партнер, „РСМ МАКЕДОНИЈА“, Скопје

- Advertisement -

3.      Александра Шкемби-Антовска – генерална директорка, „СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП“ Македонија

4.      Филомена Пљаковска-Аспровска – главна извршна директорка, „Интернационален картичен систем АД Скопје“ – CASYS

5.      Наташа Паунова-Блажевска, сопственичка и генерална менаџерка, „Л&Н&Т дијагностик“ ДОО, Скопје

6.      М-р Ѓулај Салиевска-Гештаковска, управителка и генерална менаџерка,  „Кондево МК ДООЕЛ“ Штип 

7.      Д-р Жанина Петрова-Граиќ, хирург, офталмолог, косопственичка и менаџерка,  ПЗУ Центар за очи „Визија“, Скопје

8.      Мелита Гугуловска, генерална директорка, „Сава осигурување“ АД Скопје

9.      Д-р Горица Дачевска, дерматовенеролог, сопственичка и генерална менаџерка ПЗУ „Д-р Горица“, Скопје

10.  Доц. д-р Тања Дејаноска – претседателка на Комората на приватното здравство на Македонија, сопственичка и генерална менаџерка на  Dental International – Prof. dr. Dejanoski, Скопје

11.  М-р Дафинка Ивановска, адвокатка, рубинов директор во „Тианде“ и извршна менаџерка во „Ревитал козметикс“, Скопје

12.  М-р Ирена Јакимова, сопственичка и менаџерка во  „Инспирит коучинг“, Скопје

13.  Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на  Стопанската комора на Северна Македонија

14.  М-р Ангела Јолакоска, косопственичка и генерална менаџерка во  „АСП консалтинг“, Охрид, и финансов менаџер во АСП ПАК Охрид

15.  Билјана Караманолевска, сопственичка и генерална менаџерка, „Светот на Колорес“, Скопје

16.  Ленче Карпузовска, менаџерка во одделот за комуникации, „ЕВН Македонија“

17.  М-р Марија Костуранова, сопственичка и генерална менаџерка,   „Диоптра оптикс“, Скопје

18.  Биљана Мишиќ, извршна директорка, ИУТЕ Македонија

19.  Васка Мојсовска, сопственичка и генерална менаџерка „Агро калем“, Тимјаник, Неготино

20.  Елена Пандева, сопственичка и генерална менаџерка „ЕЛЕНА ЛУКА ГРУПAЦИЈА“, Скопје

21.  М-р Марија Патриклиска, менаџер во одделот за човечки ресурси,  ЕАМ ДОО, Штип

22.  Даниела Перканоска, сопственичка и генерелна менаџерка, „Авто контрол – сервис“ Прилеп

23.  Анета Антова-Пешева, почесен конзул на Канада во Македонија, сопственичка и генерална менаџерка, Групација на компании „Ултра-унет“, Скопје

24.  Весна Ставрова, претседателка на Фармацевтската комора, сопственичка и генерална менаџерка, ПЗУ аптека „Сара фарм“, Скопје

25.  М-р Татјана Стерјева, спец. фармацевт, сопственичка и генерална менаџерка, „Еурофарм“ , Битола

26.  Д-р Василка Салевска-Трајкова, менаџер за корпоративни прашања, „Филип морис – Тутунски комбинат Прилеп“, ДОО Скопје

27.  Викторија Шотароска-Трајкова, генерална директорка на  П.И.К. ко Македонија

28.  Елида Трајковска, косопственичка и генерална менаџерка  „Хауз мајстор фасилити“, Скопје

29.  М-р Златица Цивкароски  – член на управен одбор,   Шпаркасе банка АД Скопје

30.  М-р Ксенија Чаминска, сопственичка и генерална менаџерка,  „Професионал акаунт“, Скопје

- Advertisement -