Летечки такси полетаа во Њујорк: може да превезуваат пет лица од аеродром до аеродром за помалку од 10 минути

- Advertisement -

Компанијата за електрични воздушни такси Joby Aviation во петокот ги спроведе првите демонстративни летови на својот авион за вертикално полетување и слетување (eVTOL) помеѓу две точки во Њујорк и продолжува со тестирањето оваа недела.

Електричниот авион, кој наликува на голем дрон на батерии, може да превезува пет лица, вклучувајќи го и пилотот. Тие полетуваат вертикално како хеликоптер, а потоа ги навалуваат некои од пропелерите за да го движат авионот напред. Компанијата вели дека се потивки од хеликоптерите и произведуваат нула емисии за време на работата бидејќи се напојуваат со електрична енергија.

- Advertisement -

Целта е да се поврзат постојните хелиодроми во Долниот и Средниот Менхетен со аеродромот ЏФК за помалку од 10 минути, наместо возењето од еден до два часа.

Овие летови ја унапредуваат нашата работа за да процениме како технологијата за авијација од следната генерација може да им служи на луѓето од Њујорк и Њу Џерси“, рече Кевин О’Тул, претседател на Пристанишната управа на Њујорк и Њу Џерси, која управува со аеродромите во регионот.

- Advertisement -

Joby Aviation е сопственик на Blade, компанија за споделување на превоз која нуди возења со хеликоптер на слични рути, а исто така соработува и со Delta Airlines и Uber.

Joby Aviation спроведува тест летови од 2023 година, но оваа 10-дневна кампања е дел од пилот-програмата за интеграција на eVTOL на Федералната администрација за воздухопловство (FAA).

- Advertisement -

Во март Министерството за транспорт на САД избра осум пилот-проекти за тестирање на eVTOL авиони. Покрај урбаните воздушни такси, тие тестираат и регионален превоз на патници, превоз на товар, итни операции, автономни летови и превоз за офшор енергетскиот сектор.

Joby Aviation соработува со Пристанишната управа, како и со транспортните одделенија на Тексас, Јута, Флорида и Северна Каролина.

Во 2024 година FAA објави нови правила што ќе ги доближат воздушните такси до реалноста. Оттогаш, компании како Joby Aviation работат на тестирање за сертификација.

Заедно, овие пилот-проекти ќе создадат една од најголемите реални тест средини за авиони од следната генерација во светот“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт.

(N1)

(фото: YouTube)

- Advertisement -