Во Јапонија спиењето на работа се смета за знак за посветеност на работата

- Advertisement -

Додека на Запад дремењето во канцеларија се смета за врв на непрофесионализам, мрзеливост, па дури и основа за отпуштање, во Јапонија ситуацијата е сосема поинаква. Таму постои културен феномен наречен инемури, што буквално значи „да се биде присутен додека спиеш“ и е општествено прифатена навика за дремка на јавно место, дури и во средината на работното време.

Што точно е инемури? Инемури не е длабок сон во удобен кревет. Тоа е дискретна, кратка дремка „од нога“ или во седечка положба, во метро, ​​на клупа, во кафуле, па дури и за време на состаноци или конференции. Клучот е лицето сè уште да изгледа како да учествува во реалноста: седи исправено, држи торба и е подготвено да се врати на работа за секунда.

- Advertisement -

Инемури не се гледа како избегнување на работата, туку како знак на посветеност. Ако заспиете на вашето биро, тоа се толкува како знак дека сте работеле толку напорно и долго што на вашето тело едноставно му требало пауза. Тоа е тивок општествен договор и признание дека никој не е робот.

Сепак, постојат непишани правила:

- Advertisement -

Нема лежење: Мора да спиете во седечка положба. Лежењето се смета за грдо.

Суптилност: Малку потоната глава е во ред, но ‘рчењето или целосната релаксација не се прифатливи.

- Advertisement -

Хиерархија: Интересно е што инемури е општествено поприфатлив за вработените со повисок ранг, иако сите го практикуваат.

Додека се обидуваме да го победиме попладневниот пад на енергијата со кофеин, науката е на страната на Јапонците. Студиите на НАСА покажаа дека кратката „дремка за енергија“ може да ги подобри перформансите за 34% и будноста за дури 54%.

Идеалното времетраење на таков одмор е помеѓу 10 и 25 минути. Сè што е подолго од тоа може да доведе до „инерција на спиењето“, тоа чувство на дезориентација по будењето, што всушност ја намалува продуктивноста.

Иако веројатно нема да можете да го преспиете утрешниот состанок без последици, инемури нè учи на важна лекција: правењето кратка пауза не е знак на слабост, туку инвестиција во подобри перформанси.

(Bizlife)

(фото: Pexels)

- Advertisement -