Белата куќа наводно верува дека е блиску до договор со Иран што би ја завршил војната. Ова го тврди американски Axios, повикувајќи се на двајца американски претставници и два други извори запознаени со преговорите. Според Axios, договорот би вклучувал, меѓу другото, посветеност на Иран на мораториум за збогатување на ураниум, укинување на санкциите од страна на САД врз Техеран и отстранување на ограничувањата за премин низ Ормутскиот теснец од двете страни.
Исто така, се додава дека САД очекуваат Иран да одговори на неколку клучни точки во следните 48 часа.
Воениот аналитичар Шон Бел рече дека ова е потенцијално позитивен чекор, но предупреди дека информациите треба да се гледаат со претпазливост.
„Откако започна овој конфликт, слушаме разни изјави, особено оние што доаѓаат од Truth Social на американскиот претседател. Ако ги земевме сите здраво за готово, денес ќе бевме во голема неволја“, изјави Бел.
Тој додаде дека сè уште може да се извлече еден позитивен заклучок.
„Мислам дека е позитивно што иако во моментов нема формални разговори меѓу САД и Иран, сосема е јасно дека Пакистан сè уште работи напорно зад сцената“, рече тој.
(SEEBiz.eu)































