Apple Watch сега испраќа известувања ако страдате од хипертензија

- Advertisement -

Apple официјално објави нова функција за уредите Apple Watch што може да ги предупреди корисниците за можни знаци на хипертензија или хронично висок крвен притисок, што многу сериозен здравствен проблем.

Новата опција моментално е достапна во Израел, а Apple наведува дека во текот на првата година би можела да им помогне на милиони луѓе кои не се ни свесни дека имаат проблем со хронично висок крвен притисок.

- Advertisement -

Функцијата користи оптички сензор за срцев ритам за да ги анализира реакциите на крвните садови за време на отчукувањата на срцето.

Системот работи целосно пасивно во позадина и собира податоци во период од 30 дена. Доколку алгоритамот забележи постојани знаци што укажуваат на можна хипертензија, корисникот добива известување.

- Advertisement -

Apple нагласува дека хипертензијата е еден од најголемите фактори на ризик за срцев удар и мозочен удар, како и за заболувања на бубрезите, но дека голем број луѓе немаат никакви симптоми. Компанијата тврди дека функцијата е развиена со помош на машинско учење и податоци од повеќе студии со над 100.000 учесници, додека клиничката валидација е спроведена на повеќе од 2.000 луѓе.

Сепак, Apple нагласува дека Apple Watch не може да открие секој случај на хипертензија и дека функцијата не е замена за медицински преглед. На корисниците кои ќе го добијат предупредувањето им се препорачува да го мерат крвниот притисок користејќи традиционален монитор за крвен притисок во следните седум дена и да ги покажат резултатите на својот лекар.

- Advertisement -

Со овој потег Apple продолжува да ги проширува здравствените функции на своите уреди, при што Apple Watch сè повеќе станува уред фокусиран на следење на здравјето на корисникот, наместо само паметен часовник за известувања и тренинзи.

(Apple)

(фото: Pick Pik)

- Advertisement -