Вештачка интелигенција може да го положи Туринговиот тест за човечност

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Сан Диего во Калифорнија (UC San Diego) спроведоа ригорозен Турингов тест и открија дека со дадено правилно прашање за “сопствената личност” напредната вештачка интелигенција може да помине како човек при разговори во живо.

Нивното истражување дава прв емпириски доказ дека современиот систем на вештачка интелигенција може да го помине Туринговиот тест, главен научен репер кој проценува дали машината може убедливо да го имитира човечкиот разговор и луѓето не можат сигурно да го разликуваат од вистинска личност. Во серија експерименти луѓето честопати не биле во можност да ги разликуваат луѓето од напредните големи јазични модели (LLM).

- Advertisement -

Студијата, објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, е првата што ригорозно ги тестира LLM користејќи метод развиен од британскиот математичар и татко на компјутерските науки, Алан Туринг во 1950 година. Исто така, ова е прв пат некој да открие дека моделите се оценуваат како човечки толку често колку и како вистински луѓе користејќи ја рамката на Туринг.

Во рандом контролирани експерименти со две независни групи учесници, студенти на додипломски студии на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего и онлајн учесници, тестирачите користеле кратки текстуални разговори, а потоа ги донеле своите проценки. Во експериментите учесниците разговарале со GPT-4.5 и LLaMa-3.1-405B, како најсовремени модели, а истражувачите вклучиле и постари основни модели за споредба, GPT-4o и ELIZA, класичен чет-бот базиран на правила од 1960-тите години.

- Advertisement -

На четири LLM, GPT-4.5 беше оценет како човек во 73% од времето, што значи дека тестирачите го избрале како „човек“ значително почесто отколку што избрале вистински човечки учесник. LLaMa-3.1-405B со истото прашање бил оценет како човек во 56% од времето – статистички исто со луѓето со кои бил споредуван.

Основните системи се покажале многу полошо: ELIZA и GPT-4o беа избрани како луѓе само околу 23% и 21% од времето, соодветно.

- Advertisement -

Студијата, исто така, сугерира дека научниците треба да почнат да размислуваат за Туринговиот тест поинаку од сега па натаму.

Туринговиот тест започна како начин да се види дали машините можат да се натпреваруваат со човечката интелигенција. Но, сега знаеме дека вештачката интелигенција може да одговори на многу прашања побрзо и попрецизно од луѓето, па затоа вистинскиот проблем не е суровата мозочна моќ. Гледањето дека машините можат да го положат тестот – и гледањето колку добро го положуваат – нè принудува да размислиме повторно што мери. Сè повеќе таа го мери човештвото.“ рече коавторот на студијата, Бен Берген, професор по когнитивни науки на Универзитетот Сан Диего во Калифорнија, .

Резултатите имаат импликации во реалниот свет за довербата преку интернет, особено затоа што моделите што се претставуваат како луѓе го прават тоа во текот на подолги разговори од пет или 15 минути.

Релативно е лесно да се охрабрат овие модели да не се разликуваат од луѓето. Треба да бидеме повнимателни кога комуницираме со странци преку интернет.“ рече Камерон Џонс, доцент по психологија на Универзитетот Стони Брук.

Истражувачите забележуваат дека се надеваат дека работата ќе го изостри јавното разбирање за тоа што овие системи сега можат да направат и какви заштитни мерки може да му бидат потребни на општеството.

(Vidi.hr)

- Advertisement -