Спирален сегмент од оригиналните скали на Ајфеловата кула е продаден за повеќе од 450.000 евра на аукција во Париз.
Купувачот, кој бил присутен во аукциската сала, станал сопственик на скалите со 14 скалила, високи 2,7 метри и тешки 1,4 тони од 1889 година, кога бил завршен споменикот што се извишува над центарот на Париз.
„Кога купувате дел од Ајфеловата кула, купувате дел од Париз, заедно со целата имагинација и симболика што ја претставува“, изјави Сабрина Дола, директорка за дизајн во стилот арт деко во париската аукциска куќа Арткуриал, каде што се одржа продажбата.
Пред повеќе од четири децении вкупно 160 метри од скалите беа исечени на помали делови и продадени, заменети со лифтови кои сега ги транспортираат посетителите до највисоката платформа за набљудување на Ајфеловата кула.
Делот од дкалуте продаден во четврток достигна цена од 450.160 евра, три пати поголема од горната граница на претпродажната проценка од 120.000 до 150.000 евра.
Во 2008 година еден дел беше продаден на приватен американски купувач за рекордни 550.000 евра.
(Kamatica)
(фото: Wikimedia)





























