Растат берзанските индекси во надеж за крај на конфликтот САД-Иран

- Advertisement -

Индексите на најважните берзи во светот пораснаа минатата недела, а цените на нафтата паднаа по извештаите дека е постигнат напредок во преговорите меѓу САД и Иран за прекин на војната. На Волстрит минатата недела, индексот Дау Џонс скокна за 2,1 процент, на рекордни 50.579 поени, додека S&P 500 порасна за 0,9 проценти, на 7.473 поени, а Nasdaq за 0,5 проценти, на 26.343 поени.

Пазарите беа позитивно под влијание на вестите за напредокот во преговорите меѓу САД и Иран за прекин на војната.

- Advertisement -

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека е постигнат одреден напредок во врска со Иран и дека САД можеби ќе имаат „нешто да кажат“ за тоа во наредните денови.

Иако иранското министерство за надворешни работи изјави дека разликите меѓу двете страни остануваат големи, цените на нафтата нагло паднаа минатата недела, бидејќи инвеститорите се надеваа дека Ормутскиот теснец, клучен пат за извоз на нафта од Блискиот Исток, наскоро би можел да биде отворен за сообраќај.

- Advertisement -

На лондонскиот пазар, цената на барелот потона за повеќе од 5 проценти, а на американскиот пазар за повеќе од 8 проценти. Благодарение на ова, стравот на инвеститорите од зголемување на инфлацијата и забавување на економскиот раст малку се намали.

Оптимизмот на инвеститорите во врска со развојот на вештачката интелигенција, исто така, имаше позитивен ефект врз пазарите, поради што технолошкиот сектор беше меѓу најголемите победници и минатата недела.

- Advertisement -

Фото – Pеxels

- Advertisement -