Како да го одржите домот свеж со помалку труд?

- Advertisement -

Свежината на домот денес веќе не се поврзува само со чистењето. Во модерните домаќинства таа подразбира и почист воздух, помалку непријатни миризби, потивки уреди и секојдневни рутини кои се полесни за организирање и одржување. Особено во отворените простори, каде што кујната, трпезаријата и дневниот престој се споени во една поврзана целина, одржувањето на свежата атмосфера лесно може да стане секојдневен предизвик.

Samsung Bespoke AI уредите се осмислени за да ги поедностават тие рутини благодарение на интелигентните технологии, поврзаните искуства и паметната автоматизација која тивко работи во позадина.

- Advertisement -

Каде започнуваат свежината и ефикасноста?

Готвењето е еден од најголемите извори на несакани миризби и влага во домот. Иако многумина се фокусираат на поединечни уреди, создавањето свежа и ефикасна кујнска средина всушност зависи од тоа колку паметните технологии меѓусебно соработуваат во текот на целиот процес на готвење.

- Advertisement -

Плочите за готвење на Samsung со Flex зона и Wi-Fi поврзаност совршено го надополнуваат овој модерен пристап. Со ултра тенок дизајн, овие плочи за готвење го оптимизираат просторот на работната површина и складирањето при инсталацијата, додека разновидната Flex зона обезбедува пријатно искуство во готвењето, сместувајќи садови со различни форми и големини истовремено. Понатаму, беспрекорната интеграција со апликацијата SmartThings преку Wi-Fi им овозможува на корисниците без напор да го следат своето готвење.

Истовремено, фрижидерите на Samsung опремени со AI Hybrid Cooling, Metal Cooling и All Around Cooling технологии помагаат подолго да се зачува свежината на храната преку одржување стабилни температури и намалување на флуктуациите предизвикани од честото отворање на вратата. Свежите состојки природно придонесуваат за посвеж мирис во кујната и помалку непотребно фрлање храна.

- Advertisement -

Паметно чистење со помалку труд

Прашината и ситните честички можат брзо да влијаат на тоа колку домот изгледа свежо, особено во домаќинствата со домашни миленичиња, деца или со динамични секојдневни рутини. Безжичните правосмукалки Samsung Bespoke AI Jet Ultra и Bespoke AI Jet Lite се дизајнирани да го направат чистењето поинтелигентно и поедноставно.

Нивниот режим за чистење AI Clean Mode 2.0 автоматски ги детектира различните средини за чистење, вклучувајќи теписи, тврди подови и агли, и соодветно ја прилагодува моќноста на вшмукување. Наместо рачно менување на поставките, корисниците можат едноставно да се движат од соба во соба додека правосмукалката автоматски се прилагодува.

Напредните системи за ХЕПА филтрација исто така помагаат во задржувањето на ситните честички прашина пред воздухот повторно да се испушти во просторијата. Ова помага да се подобри вкупниот квалитет на воздухот, со истовремено одржување на силна ефикасност при чистењето.

Лесната конструкција и долгото траење на батеријата исто така го прават секојдневното чистење физички помалку напорно, овозможувајќи им на корисниците брзо да го освежат животниот простор секогаш кога е потребно.

Поврзани уреди кои се прилагодуваат на вашиот начин на живот

Искуството станува уште побеспрекорно преку SmartThings екосистемот. Поврзаните уреди можат да се надгледуваат и да се управуваат директно преку паметниот телефон, помагајќи им на корисниците да ја оптимизираат потрошувачката на енергија и да ги персонализираат секојдневните рутини.

Машините за перење алишта Samsung Bespoke AI дополнително придонесуваат за посвеж дом со интелигентните функции како што се AI Wash и AI Ecobubble™, кои ја оптимизираат ефикасноста на водата, детергентот и перењето врз основа на видот на ткаенината и нивото на нечистотија. Тивката дигитална инвертер технологија дополнително обезбедува дискретно работење, дури и навечер или рано наутро.

Наместо да бараат постојано внимание, уредите на “Samsung“ се дизајнирани да се прилагодат на секојдневните навики и да го поедностават управувањето со домаќинството.

Посвеж дом, дизајниран околу реалниот живот

Модерните корисници сè повеќе очекуваат уредите да прават повеќе од само извршување на поединечни задачи. Тие сакаат поврзани решенија кои штедат време, го намалуваат трудот и помагаат во создавањето попријатна животна средина.

Samsung Bespoke AI уредите комбинираат интелигентна автоматизација, промислен дизајн и поврзани искуства за да го поддржат токму таквиот начин на живот. Од зачувување на свежи состојки и подобрување на квалитетот на воздухот, па сè до поедноставување на чистењето и перењето алишта, тие помагаат одржувањето на свеж дом да биде значително полесно секој ден.

Корисниците кои моментално сакаат да го унапредат своето искуство во чистењето можат да ја искористат кампањата “Try & Buy“ на “Samsung“, која овозможува тестирање на избрани Jet правосмукалки до 100 дена, обезбедувајќи дополнителна сигурност при изборот на вистинскиот уред за чистење на домот.

- Advertisement -