Владата ја продолжи мерката на намалени акцизи за нафтените деривати до средината на јуни

- Advertisement -

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Според нивните пресметки, со продолжувањето на мерката и новиот попуст од два денари по литар се очекува , цената на дизел-горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека бензините би требало да поевтинат за 1,5 денари по литар.

Влада

- Advertisement -

– Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици.

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ги направи финалните пресметки и се очекува официјално да ги донесе новите цени на нафтените деривати и да ги примени најновите одлуки на владата кои ќе важат на бензинските пумпи.

- Advertisement -

Премиерот Христијан Мицкоски уште во текот на вчерашниот ден најави дека во преговори се со „Окта“ за да се обезбеди дополнителен попуст барем за првата половина на јуни. На денешната владина седница беше соопштено дека попустот од 2 денари е обезбеден и ќе стартува од утре.

Во моментов, горивата се продаваат по стари цени.Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 87,5 денари за литар, додека 98-октански бензин граѓаните го плаќаат 89,5 денари. Од друга страна, дизел горивото во моментов се точи по цена од 92 денари за литар. Од утре на полноќ, се очекува да стапат на сила новите цени.

- Advertisement -

Фотот – Pixabay

- Advertisement -